
Извршното тело на ЕУ води „стратешки дијалог“ со производителите на автомобили, добавувачите и останатите чинители на автомобилската бранша. Комисијата на 5-ти март ќе објави акциски план, со цел на производителите на автомобили во ЕУ да им се овозможи да ја прошират својата понуда од електрични модели.
Со новиот пакет мерки на Европската Комисија, производителите на автомобили во Унијата ќе можат да одговорат пожестоко на конкуренцијата од Кина и од САД, којашто е понапредна во поглед на електрификацијата, и воедно ќе се работи на задржување на работните места.
Предлотот во којшто Ројтерс имаше увид на 28-ми февруари, ќе им предложи на 27-те држави членки на ЕУ да преземат чекори, со цел да се забрза воведувањето електрични возила во службените возни паркови. Околу 60 проценти од продажбата на нови автомобили во ЕУ на годишно ниво, им припаѓаат токму на службените автомобили.
Комисијата исто така ќе соработува со државите на ЕУ, за да се изнајде начин што е најдобар да се субвенционира купувањето електрични возила (ЕВ), како и начините за обезбедување средства за субвенциите. Меѓу другото се предлага и тешките камиони со нулта емисија на штетни материи да бидат ослободени од наплата на патарина.
Продажбата на нови ЕВ во минатата година се намали за 5,9 проценти, покажуваат податоците од европското здружение на производители на автомобили АЦЕА. Тие се со став дека вината за тоа е неразвиената мрежа од полначи. Заслуга имаше и наглото прекинување со субвенциите во Германија, на завршетокот на 2023 година, како и отсуството на електрични модели со достапна цена.
Европските производители се во опасност да го изгубат својот удел на пазарот на ЕВ
Работниот документ на Комисијата признава дека европската автомобилска индустрија е во опасност да го изгуби својот удел на пазарот на електрични автомобили и се сооочува со значително повисоки трошоци во споредба со конкуренцијата, при набавката на компоненти за електричен погон. Тоа важи посебно за батеријата, којашто учестува со околу 30 до 40 проценти во цената на возилото.
Во предлог документот се наведува дека во електричните автомобили што се продаваат во Европа, ќе се бара повисок удел на батериски ќелии и компоненти што се произведени во ЕУ.
Комисијата ќе бара и поддршка за компаниите што произведуваат батерии во ЕУ. Тие средства ќе им стојат на располагање и на странски фирми, доколку тие имаат партнерство со компании во ЕУ, за на тој начин да им се овозможи користење на експертизата и на технологијата.
Комисијата планира да предложи услови за да се привлечат странски инвестиции во автомобилскиот сектор. Планот е финансиски да се подржува и инфрастуктурата за рециклирање на батериите.
[the_ad id=”73735″]
Производителите во ЕУ, погодени од низа затворања фабрики и соочени со царините во САД, испратија барање до Комисијата да бидат поштедени од казни, што може да ги чинат производителите до 15 милијарди евра, доколку со своите возни паркови не успеат да останат под границата од околу 95 грами ЦО2 на километар за 2025 година.
Во нацрт документот е отворено прашањето околу финансискта помош што би ја предложила Комисијата.
Јулија Полисканова, директорка за возила и е-мобилност во невладината Транспорт и Животна средина, кажа дека тоа е „слонот во собата“ и вистинскиот начин да ѝ се помогне на Европа да држи чекор со Кина, преку поттикнување на производството на електрични автомобили.















