Европа во изминатите години вложуваше безрезервно во изградба на фабрики за батерии и во обезбедување сигурен ланец за снабдување со суровини, затоа што мора брзо да се смали зависноста од увозот од Кина. Бранот малку подзабави во последнава година, затоа што главна сопирачка и натаму е политиката на нафта, но таа е иднината, порано или подоцна. Следи преглед на сите фабрики за батерии во Европа.
Стелантис и кинекиот моќник во производството на батерии КАТЛ се последните компании што најавија изградба на фабрика за батерии. Намерата е во фабриката на концернот во Сарагоса, Шпанија, да се отвори погон за батерии со хемија литиум железо фосфат (ЛФП, се користи во новиот Ситроен е-Ц3). Новата фабрика ќе почне со работа кон завршетокот на 2026 година, со капацитет за батерии со капацитет од вкупно 50 гигаватчасови.
Во продолжение е преглед на фабрики за батерии што веќе работат, што се планирани или се одложени, по одделни земји:
ФАБРИКИ ШТО ВЕЌЕ ПРОИЗВЕДУВААТ
Британија
Сандерленд: Фабрика на АЕСЦ, со поддршка на Нисан, работи од 2012 година, капацитет од 1,8 ГВч годишно.
Чешка
Хорни Суха: Чешкиот производител на батерии Магна Енерџи Сториџ (МЕС) цели да постигне производство на 15 ГВч во фабриката што чини 63 милиони долари. Таа работи од 2020 година, првичниот капацитет е 200 МВч.
Франција
Дуврен: Аутомотив Селс Компани (АЦЦ) беше пуштена во погон во 2023 година. Во март, АЦЦ и Екуанс, огранокот за енергетика на Буиг, потпишаа договор за капацитет на фабриката од 13 ГВх да се удвои до 2026 година. АЦЦ е заедничко вложување на Стелантис, Мерцедес-Бенц и Тотал Енерџис.
Кемпер: Фабриката на Блу Солушнс во Ерге Габерик, дел од групацијата Болор, работи од 2013 година. Според вебсајтот на компанијата, двете фабрики во Франција и Канада располагаат со капацитет од вкупно 1,5 ГВч. Не се наведува посебно капацитетот во Франција.
Германија
Гринхајде: Тесла побара одобрение од германската влада, за да го удвои капацитетот на својата фабрика вредна 5 милијарди евра, во близина на Берлин, од сегашните 50 ГВч.
Ерфурт: Кинески КАТЛ го зголемува капацитет на фабриката од 8 на 14 ГВч, очекува профитабилност во 2025 година.
Лудвигсфелде: Фабриката на Микроваст располага со капацитет од 1,5 ГВч, цели на 6 ГВч.
Унгарија
Гед: Фабриката на Самсунг од 1,2 милијарда евра со капацитет за 30 ГВч почна да работи во 2018 година.
Италија
Теверола: Сери Индустриал ја пушти во работа фабриката од 570 милиони евра во 2024 година, со почетен капацитет од 0,35 ГВч, и план за 8 ГВч.
Норвешка
Арендал: Стартапот за батерии Моров ја пушти фабриката од 470 милиони евра во август 2024 година, со план за 32 ГВч. Извршниот директор Ларс Кристиан Бахер изјави за Ројтерс дека ќе минат години додека компанијата се квалификува да испорачува батерии за производителите на автомобили.
Полска
Вроцлав: ЛГ Енерџи Солушн почна со работа во 2017 година, со капацитет од 100.000 батерии и цел за 115 ГВч во 2025 година.
Србија
Суботица: ЕлевенЕС отвори фабика за батерии ЛФП во април 2024, со цел да достигне 48 ГВч до 2027 година. Планираната инвестиција е 1 милијарда евра.
Шведска
Скелефте: Фабриката на Нортволт почна со работа во 2021 година. Во септември годинава, групацијата ги откажа плановите за проширување на фабриката, поради проблеми во производството, забавена побарувачка и конкуренцијата од Кина. Сега се произведуваат само батериски ќелии. Инсталираниот капацитет е 16 ГВч, но се работи под тоа.

ПЛАНИРАНИ
Белгија
Сенеф-Манаж: Авеста Батери (компанијата што ќе гради во Кичево) и Енерџи Инженеринг очекуваат фабриката од 40 милиони евра да биде целосно оперативна до 2030 година, со капацитет од 3 ГВч.
Британија
Самерсет: Индиска Тата Груп ќе гради гигафабрика од 5 милијарди долари за да ги снабдува фабриките на Јагуар. Во почетокот со 40 ГВч, производството треба да стартува во 2026 година.
Финска
Кокта: Минералс Груп потшиша договор со потенцијален партнер за фабрика за батериски ќелии. Откако во октомври беше добиено позитивно мислење за влијанието врз животната средина, фирмата објави дека очекува да отпочне со производство во 2026 година.
Франција
Дуе: Кинеска Енвижн вложува до 2 милијарди евра во гигафабрика на АЕСЦ во близина на центарот за електирчни возила Рено ЕлектриСити. Фабриката треба да почне со работа во 2026 година, со капацитет од 9 ГВч.
Донкерк: Тајвански ПроЛоџиум работи да обезбеди од владата субвенции за фабрика од 5,2 милијарди евра. Производството се планира за 2026 година, со капацитет од 48 ГВч.
Донкерк: Францускиот стартап Веркор во мај објави дека обезбедил финансии во висина од 1,3 милијарда евра, со капацитет од 12 ГВч. Рено ќе биде најголем клиент.
О де Франс: Тиамат Енерџи, поддржуван од Стелантис, планира да земе кредит во висина од 150 милиони евра, за да изгради фабрика од 5 ГВч за натриум-јон батериски ќелии до 2029 година.
Германија:
Хајде: Во март, Нортволт почна да гради фабрика со 902 милиони евра добиени како субвенција од германската влада. Вкупната инвестиција ќе се движи од 3 до 5 милијарди евра.
Залцгитер: Концернот Фолкваген планриа да изгради шест фабрики во Европа, со капацитет од вкупно 240 ГВч до 2030 година. Првата фабрика ќе почне со работа во 2025 година, со планиран капацитет од 20 ГВч.
Унгарија
Дебрецин: КАТЛ гради фабрика од 7,3 милијарди евра со капацитет за 100 ГВч. Се гради од 2022 година, планот е профитабилноста да се постигне во 2026 година.
Дебреци: Кинески Ив Пауер ќе вложи 1 милијарда евра за фабрика од 28 ГВч, најави унгарскиот министер за надворешни работи во мај 2023 година.
Норвешка
Трондхајм: Елинор вложи 935 милиони долари во фабриката што треба да отпочне со работа во 2026 година, со капацитет од 40 ГВч до 2030 година. Фирмата во август склучи партнерство со кинески Морлус, за вложување во производството на батерии.
Португалија
Синес: Кинески КАЛМ очекува фабриката да почне со работа кон завршетокот на 2025 година, со капацитет за 15 ГВч и план да се достигнат 45 ГВч до 2028 година.
Србија
Ќуприја: Словачкиот стартап ИноБат планира да гради фабрика со учество на државата во висина од 419 милиони евра. Стартот е во 2025 година, прво со 4 ГВч, а понатаму со 32 ГВч.
Словачка
Сурани: Инобат и кинескиот Гоушн Хај Тек имаат намера до 2026 година да изградат фабрика за батерии, со првичен капацитет од 20 ГВч.
Шпанија
Сарагоса: Стелантис и КАТЛ ќе вложат 4,1 милијарди евра во нова фабрика за ЛФП, со план да се достигне капацитет до 50 ГВч и почеток на производство што се очекува до завршетокот на 2026 година.
Баскија: Баскеволт има намера да вложи над 700 милиони евра во фабрика со капацитет од 10 ГВч до 2027 година.
Навалморал де ла Мата: Шпанија потпиша договор со Енвижн за изградба на фабрика вредна 2,5 милијарди евра, со капацитет од 30 ГВч.
Сагунто: Фолксваген и партнерите најавија во 2022 година дека имаат намера да вложат 10 милијарди евра во фабрика од 40 ГВч, со производство од 2026 година натаму.
Ваљадолид: ИноБат потпиша договор со шпанската влада за изградба на фабрика за 32 ГВч, вредна 3 милијарди евра.
Швајцарија
Фрауенфелд: Свис Клин Батери (СЦБ) очекува фабриката вредна 775 милиони франци да биде целосно оперативна до 2030 година, со 7,6 ГВч таргет.

Откажани, одложени или во фаза на одобрување
Италија, Германија
АЦЦ го јуни ја запре изградбата на фабриките во Германија и Италија, поради префрлувањето на поевтини батерии, како последица од забавената побарувачка за ЕВ. Планот беше 7 милијарди евра да се вложат до 2030 година во три гигафабрики во Европа, секоја со капацитет од по 40 ГВч.
Британија
Ковентри: Зедничката јавна и приватна инвестиицја Вест Мидлендс Гигафактори во октомври 2023 година објави дека е во напреднати преговори со неколку производители на батерии од Азија, што ќе бидат волни да вложат во фабриката, откако Ковентри даде одобрение за изградба. Компанијата во октомври извести дека добиле фонд од 14,5 милиони фунти за да отпочнат со планирање на инфраструктура.
Сандерленд: Енвижн планира да гради во близина на фабриката на Нисан, со капацитет од 12 ГВч. Се чека одобрение од властите.
Финска
Кинески Сволт ја избра Финска меѓу фаворитите, за изградба на фабрикасо капацитет од 50 ГВч, но во октомври сооошти дека се откажува од плановите да произведува во Европа.
Германија
Тигинген: Порше во јули 2023 година соопшти дека бара инвеститори за да ја лансира својата фабрика Селфорс 100 МВч, но оттогаш нема јавено за напредок.
Италија
Скараманго, Романо Канавезе: Италволт, проект со поддршка на Пининфарина, ги одложи на неодредено време плановите за фабрика од 3,5 милијарди евра.
Норвешка
Мо Рана: Фрејр ги откажа плановите за фабрика од 1,7 милијарда евра, за да се сосредоточи на производство во Северна Америка.
Шведска
Борланге: Норволт во септември 2024 ги откажа плановите што требаше да резултираат со фабрика за батериски ќелии.
Гетеборг: Нортволт планира фабрика што треба да отпочне со работа во 2026 година, со краен капацитет од 50 ГВч. Волво Карс вложува напори да го преземе уделот на Нортволт во нивната заедничка инвестиција Ново, но мора да се најде нов партнер за да не се отстапи од плановите, објави производителот во септември.
















