Огранокот на Мерцедес-Бенц за модели со врвни перформанси АМГ, работи на мотор Ве-8 од следната генерација и со тоа прави отстапка од претходната намера, да запре со развој на мотори што користат фосилни горива. Моторот ќе добие придружба од малечка батерија и електромотор, за дополнителна моќност.
Исто како останатите производители, Мерцедес претходно соошти дека ќе престане со развој на нови мотори со внатрешно согорување и ќе продолжи со постоечките мотори, сé додека со нив може да ги исполни строгите барања за емисија на ЦО2 што ги поставува Европската Унија.
Но, откако АМГ го исклучи моторот Ве-8 од моделите од почетокот на својата понуда, АМГ му препушти значаен дел од својот пазар на конкурентот БМВ и на неговиот спортски огранок М ГмбХ.
Компанијата го опиша развојот на новиот В8 со благ хибриден погон како „стратешка еволуција“
Мерцедес не е единствен производител на автомобили што се враќа на мотори со внатрешно согорување во својата понуда. Порше во почетокот на месецов соопшти дека годинава ќе вложи 800 милиони евра, за да ја прошири својата понуда од модели со мотор со внатрешно согорување и приклучни хибриди, откако продажбата на ЕВ почна да разочарува.
Штутгарт со новиот план очекува хибридите и ЕВ да учествуваат со половина во продажбата во 2030 година. Првичната цел, поставена во 2021 година, предвидуваше целосно електричните модели да преовладуваат во понудата на Мерцедес-Бенц во 2025 година.
















