Bentley планира спортски двосед

Благородната британска марка е позната по луксузните лимузини, купеа и кабриолети. В година пристигнува и луксузен теренец. Но, тука не завршува. Следува и спотски двосед.

Моделската понуда на Bentley од 2016 година ќе се збогати со престижен теренец. Британците го најавуваат најпрестижниот и најлуксузниот теренец на сите времиња. Но, со тоа нема да заврши проширувањето на понудата на модели. Шефот Волфганг Дирхајмер размислува во понудата наскоро да се најде и спортски двосед. Како основа на дизајнот за новиот модел би можело да послужи студијата Hunaudieres којашто Bentley ја прикажа уште во 1999 година на салонот во Женева. Техниката, пак, ќе потекнува од Audi R8, задолжително со мотор W12. Двоседот ќе се нуди и во кабриолет изведба. Моделот ќе биде позициониран меѓу Continental и знаменосецот Mulsanne.

Претходна објаваНовиот Hyundai i20 ќе има премиера на салонот во Париз
Следна објаваРасте напнатоста во авто браншата: Наскоро мрежа од 48 волти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here