Музејот на Мерцедес-Бенц лани привлекол близу 900.000 посетители, рекорд

Во минатата година, музејот на Мерцедес-Бенц во Штутгарт привлекол 882.422 посетители, што е за десетина проценти повеќе отколку во 2023 година.

Рекорден број на посетители на музејот на Мерцедес-Бенц во 2024 година. Со 882.422 гости, музејот лани ја имаше најголемата посетеност, од неговото отворање во 2006 година досега.

Посетители доаѓаа од 162 држави, а најмногу од Франција, Кина и од САД, со намера да ја доживеат историјата на Мерцедес-Бенц, а со тоа и развојот на автомобилите низ годините.

На 12-ти септември, популарното одредиште за туристите го пречека својот 13-милионити посетител.

„Музејот најмногу беше посетен во летните месеци, првенствено од љубителите на фудбалот и туристите, што пристигнаа во Штугарт за да го следат европското фудбалско првенство. Сега имаме големи очекувања за новата специјална изложба, Јангтајмери. Од 11-ти април, ги изложуваме возилата од поновата историја на нашата марка – во сценографија со голема разновидност од бои. Темата е исполнување на желба што често ни ја соопштуваа, за средба со возилата од сопственото детство и младост,“ кажува Бетина Хаусман, директорка на музејот.

Дел од програмата за 2025 година, со можни измени:

  • Боксенштоп, при при посетителите ќе имаат можност сами да пробаат да заменат вистинска гума од болид од формула 1, колку е можно побрзо
  • Специјална изложба Јангтајмер, од 11-ти април до 2-ри ноември. Десет модели од 1990-те и 2000-те години
  • Собир за олдтајмери Класикс енд Кофи, секоја недела од 13-ти април до 12-ти октомври

Претходна објаваРено и Гили во преговори за посилно присуство на пазарот во Бразил
Следна објаваРепубликанците во САД бараат 1.000 долари данок при купување нов електричен автомобил, заради поправка на патиштата