Републиканците во САД бараат 1.000 долари данок при купување нов електричен автомобил, заради поправка на патиштата

Електричен пикап Форд Ф-150 Лајтнинг приклучен на полнач

Главнината од средствата во буџетот за поправка на патиштата во САД се обезбедуваат од надоместоци во цената на бензинот и дизел горивото, што не е случај кај електричните возила.

Единствената такса во висина од 1.000 долари што ќе се наплаќа при купувањето одговара приближно на сумата што возачите на автомобили со обичен погон ја плаќаат на сметка на надоместоци во цената на горивото, во период од 10 години. Со тие средства се обезбедува буџетот за одржување на патиштата. Тој став го изнесе сенаторот Деб Фишер, главен промотор на предложената мерка.

„Електричните автомобили може да бидат трипати потешки од автомобилите со бензински мотор, што предизвикува поголемо оптоварување и трошење на нашите патишта и мостови. Затоа е фер тие да плаќаат за државниот фонд за патишта, исто како останатите автомобили,“ кажува Фишер, наведувајќи дека корисниците на возила со бензински мотор обично плаќаат 87 до 100 долари годишно во корист на фондот.

Државниот секретар за транспорт, Шон Дафи, во минатиот месец го изнесе својот став дека електричните автомобили треба да плаќаат за користењето на патиштата. „Тие треба да плаќаат за користењето на нашите патишта. Предизвикот, според мене, е како да се постигне тоа,“ кажа Дафи.

Некои сојузни држави наплаќаат надоместоци за електричните возила да учествуваат во трошоците за поправка на патиштата. Конгресот во изминатите три децении ја почитуваше одлуката, цените на горивата да не се зголемуваат, за на тој начин да се покриваат растечките трошоци за поправка на патиштата.

Од 2008 година, од државниот фонд се префлени повеќе од 275 милијарди долари, вклучувајќи 118 милијарди долари со законот за инфрастуктура од 2021 година, на сметката на државниот фонд за автопати, за обезбедување средства за поправка на патиштата.

Конгресот има во предвид да ја укине и субвенцијата во висина од 7.500 долари за електрични автомобили. Администрацијата на Трамп веќе ги замрзна фондовите за изградба на мрежа од полначи за електрични автомобили, по што веројатно ќе следи и бришење на строгите ограничувања за штетна емисија, со којашто администрацијата на Бајден имаше за цел да ги поттикне производителите да го зголемат производството на електрични автомобили.

Видеото од тестот на електрична Шкода Ениак Купе

Претходна објаваМузејот на Мерцедес-Бенц лани привлекол близу 900.000 посетители, рекорд
Следна објаваНовиот Сангјонг Ектион имаше премиера во Истанбул

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here