Волво ја зголемува моќноста на компјутерите во своите возила во новото моделско годиште

Во новата моделска година, сериите Икс Ц 40, Е Икс 40, Е Ц 40, С 60, В 60, В60 Крос Кантри, В90 и В90 Крос Кантри како главно освежување добиваат две нови технологии.

Првата новина е во инфо-забавниот систем, за којшто Волво вели дека е од нова генерација, со нов изглед, со што внесува ново и подобрено искуство во секојдневието. Основата за сите тие промени доаѓа од процесорската технологија Снепдрагон на Квалком, големо име во светот на ИТ, а сега и во автомобилите. Тоа ветува зголемена брзина и куса реакција.

Втората технолошка новина е услугата Плаг енд Чарџ за моделите Е Икс 30, Е Икс 40 и Е Ц 40 во Европа. Тоа значи дека е доволно возилото само да се приклучи на полнач што е дел од мрежата, без потреба од пријавување или наплата преку картичка или апликација.

Откако претходно почна да се применува во моделите Е Икс 30, Е Икс 90 и новиот Икс Ц 90, корисничкиот интерфејс Волво Кар У Икс сега се вдомува во целата гама на шведската марка. Намерата е секојдневието во возилата на Волво да се направи колку е мошно поедноставно и порелаксирано, меѓу другото и преку собирање забелешки од постоечките корисници, за корисничниот интерфејс да се направи подобар. Својствено за Волво, главнината од Волво Кар У Икс се базира на апликации на Гугл.

Корисникот може на појдовниот екран да ги постави апликациите и функциите што ги користи најмногу, на пример навигација, радио и телефон, за да може веднаш да пристапува до нив. Приказот на екранот се менува дополнително во зависност од ситуацијата и од последните вклучени апликации. Заедно со новиот средишен дисплеј е сменет и приказот во дигиталните инструменти, со поголем и појасен приказ.

Има новини и за возилата што веќе се на улица. Милиони автомобили Волво што ја подржуваат техниката и се произведени од 2020 наваму, подоцна годинава ќе добијат нов систем Гугл (и алтернатива за тоа во Кина и Јужна Кореја) со преземање од податочен облак.

Новата Снепдрагон Кокпит Платформа обработува податоци двапати побрзо и ја освежува сликата на екранот десетпати побрзо од порано. Тоа веќе им е познато на сопствениците на Е Икс 30 и Е Икс 90.

Побрзата работа меѓу другото значи и покусо одвлекување на вниманието на возачот или возачката, што води до зголемена безбедност.

Плаг енд Чарџ е големо олеснување за возачите на електрични автомобили, затоа што при приклучување на возилото на полнач, немаат потреба да се пријавуваат, логираат и да плаќаат посебно за секое полнење. Место тоа, самата технологија во возилото ја презема целата процедура.

Видеото од тестот на Волво Е Икс 30 во минатото лето

Претходна објаваШефот на Фолксваген потврди дека се водат преговори со Кинезите за вложување во германските фабрики
Следна објаваПолска повикува на бојкот на Тесла по изјавите на Илон Маск за германската АфД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here