Од почетокот на јули до завршетокот на август, Киа продаде вкупно 763.693 возила, што е пад за 1,9 процент. Затоа, пак, порасна прометот, затоа што моделскоиот микс повеќе содржи модели од повисоките сегменти и поопремени моделски изведби.
Корпорацијата Киа ги објави резултатите од бизнисот во третиот квартал и ги зголеми предвидувањата за билансот што се очекува за целата деловна година. Новата цел е промет во висина меѓу 105 и 110 трилиони вони, што одговара на 69 до 73 милијарди евра, како и оперативна добивка меѓу 12,8 и 13,2 трилиони вони (8,5 и 8,7 милијарди евра). За оперативната маржа се очекуваат 12 проценти.
Прометот во третиот квартал се зголеми за 3,8 проценти, на 17,6 милијарди евра. Тоа се должи на зголемената просечна цена на продадените возила, односно зголемениот удел на СУВ и електрични модели.
Оперативната добивка и вкупната добивка се зголемиле соодветно за 0,6, односно 2,1 проценти во споредба со лани. Оперативната маржа од 10,9 проценти го заокружува периодот од осум квартали едно по друго, во коишто Киа постигнува двоцифрена маржа, почнувајќи од 4-от квартал во 2022 година.
Профитабилноста се зголеми поради стабилните цени на суровините, поволниот курс на валутите и зголемената продажба на поскапи модели.
Киа во третиот квартал продаде 763.693 возила, што е намалување за 1,9 проценти од истиот период лани. Тоа се должи на привременото запирање на производството во некои фабрики, заради нивна подготовка за производство на нови модели.
Продажбата порасна во Северна Америка, Индија, Средниот Исток и во Југоисточна Азија. Најмногу се бараат СУВ-моделите, односно Спортаж и Телјурајд. Прекинувањето со субвенциите во Германија и Шведска, влиајеше и врз продажбата на електричните модели на Киа. Поради тоа, продажбата надвор од Кореја имаше пад од 0,9 процент.

Продажбата во Кореја генерално опадна, но затоа порасна продажбата на хибриди. Влијаеше и кусата пауза во фабриката во Хвасон, каде што наскоро ќе почне да се произведува првиот пикап на марката, Тасман.
Вкупната продажба на електрифицирани возила – целосно електрични, хибриди, приклучни хибриди – забележа 155.000 примероци, што е за 3,6% повеќе од лани. Висока побарувачка има за Спортаж Хибрид и Карнивал Хибрид, како и за целосно електричниот малечок СУВ-модел ЕВ3 (ев-три).
Видеото од возењето Киа Ексид со приклучен хибриден погон
Во целина, електрифицираните возила учествуваа со 21 проценти во продажбата во третиот квартал, што е напредок за 1,5 процентен бод од лани. Од тоа, 84.000 возила се хибриди (+10%), 17.000 се приклучни хибриди (-26,7%), додека 54.000 возила се целосно електрични модели (+8,3%).
За последното тромесечје, Киа предвидува раст, главно поради воведувањето на популарните модели како К8 Хибрид и Карнивал Хибрид, а доаѓа и освежено моделско годиште на Спортаж.
















