Зошто нафтата одеднаш престана да поскапува кога има војна во Заливот

Барометарот на цени на Макпетрол покажува дека во моментов трошиме гориво што е за 14 денари поевтино отколку на завршетокот на април

Светот разви природен рефлекс дека цените на горивата растат непредвидливо секогаш кога се случуваат немири на Блискиот Исток. Тоа непогрешливо укажува на врската меѓу политиката и нафтата, односно на непобитниот факт дека се поттикнуваат војни секогаш кога политиката сака да ја коригира цената на нафтата.

Меѓутоа, сега се случува нешто сосем спротивно. Цената за литар моторен бензин Ултра 95 на станиците на Макпетрол (на 22-ри септември) изнесува 73,5 денари. Тоа е за дури 14 денари помалку во споредба со априлското ниво (од 23-ти до 30-ти април), кога литар од овој бензин чинеше 87,5 денари и претставува највисоко ниво што е постигнато годинава.

Претстава за тоа што значи оваа разлика може да се добие ако се пресмета трошокот за гориво што е потребно да се извозат 1.000 километри, со автомобил што троши во просек по 10 литри бензин на сто километри. Цената на 100-те потребни литри бензин според априлското ниво изнесува 8.750 денари. Наспроти тоа, сто литри 95-октански бензин на завршетокот на септември чинат 7.350 денари, односно тоа е разлика од 1.400 денари. Заштедата во трошокот е околу 19 проценти, речиси една петина.

Зошто се случува овој спротивен тренд кај цените на горивата?

Причината зошто светот користи „евтино“ погонско гориво се објаснува кратко и јасно: Кина. Брзиот развој на кинеската економија беше главната причина за зголемувањето на цените на нафтата во изминатите години. Но, тоа сега е сменето. Земјата вложува сé повеќе во енергија од обновливи извори, главно во сончева и ветерна енергија. Намерата е Кина да се ослободи од увозот на нафта.

Уште еден пресуден фактор е тоа што кинеското стопанство веќе извесно време забавува, што дополнително придонесува за цените на нафтата да продолжат да паѓаат. На Кина годинава ѝ е потребно само 1 процент повеќе нафта во споредба со лани, кога побарувачката за нафта во земјата порасна за преку 10 проценти наспроти 2022 година. Електричните автомобили и товарните возила со погон на метан забрзано ги освојуваат кинеските патишта.

Работите ќе продолжат да се подобруваат

Холандскиот експерт за енергија од Центарот за стратешки студии во Хаг, Јилес ван ден Беукел, посочува дека светскиот пазар на нафта постепено, но сигурно, се откажува од премијата за ризик, што е вклучена во цената на нафтата.

Стравувањата дека ќе се случи недостиг од нафта, поради бојкотот кон Русија, се покажале како неосновани. „Руската нафта го наоѓа својот пат до светскиот пазар преку Индија и Кина. На Блискиот Исток се забележува дека страните стравуваат од голема ескалација. Иран и Хезболах остануваат воздржани. Може да се оцени дека ескалацијата е најголема во Израел. Останатите страни се повеќе претпазливи. Можеше да се случи многу полошо. Пазарот размислува: Ќе биде добро.“

Сојузот од држави што произведуваат нафта Опек, има намера постепено да се откаже од скусување на продукцијата, за да може да продаде повеќе нафта. „Тие имаат намера привремено да се соочат со уште пониски цени. Тие мораат да го направат тоа, затоа што се забележува дека Шел, на пример, вложува во фосилна, а помалку во обновлива енергија, и на пазарот пушта нафта од други држави,“ објаснува експертот.

Објава на Аутомедиа во 2014 година

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Поволен курс на доларот

Месецов и Опек и Меѓународната Агенција за Енергетија ги смалија своите очекувања за светската побарувачка за нафта. Цената за барел од сортата Брент падна на 68 долари, што е најниско ниво во последните три години. Нафтата се плаќа во американски долари, а курсот на доларот во моментов е поволен во Европа. Пред една година, еден долар вредеше 94 евроценти, сега се 90 евроценти.

Дел од пазарните аналитичари очекува дека цената на бензинот во престојниот период ќе забележи уште еден мал пад. Според Ван ден Беукел, тоа е премногу оптимистички.

Објава на Аутомедиа во 2020 година

Како Македонија од 186.000 тони дизел почна да троши 535.000 тони дизел годишно

Претходна објаваОпел Мока на фестивалот за кафе во Скопје
Следна објаваФолксваген го префрлува Поло во Африка, шпанската фабрика ќе произведува електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here