Тајвански ТСМЦ постави камен темелник за новата фабрика за микрочипови во Дрезден, Германија, откако Европската Комисија одобри државна помош во вредност од 5 милијарди евра.
Фабриката треба да биде главен добавувач на европската индустрија и на производителите на автомобили.
Големата финансиска помош за проектот, што ќе чини вкупно 10 милијарди евра, е најголема помош што досега е доделена во рамките на Актот за чипови на ЕУ и воедно е прва во Германија.
Тоа исто така е прв проект на ТСМЦ во Европа, на најголемиот производител на чипови по налог во светот. Се очекува дека фабриката ќе ја подобри сигурноста на Европа од иден кусок во снабдувањето со микрочипови, како што тоа се случуваше за време на пандемијата.
ТСМЦ оформи заедничка компанија што ќе ја гради фабриката, со европските добавувачи Роберт Бош, Инфинеон и Н Икс П, коишто учествуваат со 10 проценти секој. Заедничката компанија е именувана Европска Компанија за Производство на Полупроводници, ЕСМЦ.
Според ТСМЦ, фабриката ќе претставува важен извор на микрочипови и микроконтролни единици, што масовно се користат во автомобилите, за прозорците, сопирачките и за сензорите.
Бош, Н Икс П и Инфинеон соопштија дека барем дел од фабриката ќе користат за да произведуваат разни видови автомобилски чипови.
Today’s launch of #TSMC Fab in Dresden is an important step for Europe’s resilience in #semiconductors.
It will benefit Europe’s industrial capacities and strenghthen our geopolitical position in the global supply chains.
The EU #ChipsAct is delivering! 🇪🇺 pic.twitter.com/zHmaiak6tw
— Thierry Breton (@ThierryBreton) August 20, 2024
„Ова е вистинска вин-вин ситуација за сите нас,“ кажа претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на свеченото поставување на камен темелникот на 20-ти август.
Извршниот директор на ТСМЦ, Ц.Ц. Веи кажа дека фабриката ќе ги донесе производителите на чипови „поблиску до своите клиенти“ во Европа.
Германксиот министер за економија Роберт Хабек кажа дека неговата влада ќе помогне за проектот да продолжи да се одвива забрзано, со план за производството да започне во 2027 година.
Меѓу условите за добивање на државната помош беше ЕСМЦ да гарантира пристап за помалите компании и за универзитетите.
„Погонот ќе работи како отворена ливница, што значи дека секој клиент – вклучувајќи ги трите акционери, покрај ТСМЦ, но и други компании – може да достави налог за производство на одредени чипови,“ објави Комисијата во соопштението дека ја одобрила субвенцијата.
Се градат и други фабрики за чипови
Одобрувањето на државната помош под Актот за чипови на ЕУ што вреди 43 милијарди евра се одвива бавно. Досега грантови добија единствено проектите на СТМикроелектроникс во Франција и Италија.
Најголемиот проект за чипови во Европа што уште чека да добие одобрение е фабриката од 30 милијарди евра, што Интел планира да ја гради во Мадгебург, Германија. Нејзината изградба сепак нема да отпочне годинава, како што беше планирано првично.
Изградбата на фабриката на Интел, којашто ќе биде најголема фабрика за произведување на најнапредни компјутерски чипови во Европа, се очекува да заврши по 4 до 5 години од одобрувањето на субвенциите.
















