за

Intel вложува 20 милијарди $ во две нови фабрики за чипови

Intel ќе произведува чипови на уште две локации во САД, во фабрики вредни 20 милијарди долари. Концернот најавува дека тоа е само почетна инвестиција.

Дваесет милијарди долари се вложуваат во две нови фабрики за чипови на Intel во САД. Со примена на најсовремени технологии, производството во погоните во американската сојузна држава Охајо ќе започне во 2025 година.

Откако почна кризата со чипови, американските политичари постојано вршат притисок за производството на полупроводници повторно да биде присутно масовно во земјата. Со децении наназад, светската продукција на чипови е сосредострочена главно во Азија.

Како што најавува Intel, во Охајо ќе се произведува и за потребите на безбедноста и на инфраструктурата. Концернот најавува дека инвестицијата вредна над 20 милијарди долари е само почетокот.

Intel моментно бара локација за фабриката што е планирана да се гради во Европа. Концернот направи стратешка пресвртница. Место да произведува само сопствени чипови, Intel во иднина ќе се посвети повеќе на изработката на чипови по налог, за потребите на други компании. За фабриките во Охајо е предвиден таков начин на поставеност на работењето.

Глобалниот недостиг од чипови поттикна бран од инвестиции вредни милијарди, за проширување на капацитетите. Но, како што ќе биде случај и со Intel, додека новите фабрики почнат со производство, ќе поминат неколку години

Кризата е предизвикана од зголемената потреба од лаптопи, за работење и учење од дома, поради светската здравствена криза. Некои познавачи на браншата излегоа со оцени дека тесното грло во снабдувањето се должи на забрзаната дигитализација во сите подрачја.

Некогашниот неприкосновен примус во индустријата на полупроводници, Intel, во изминатите години се соочи со потешкотии во производството, кои го одложија воведувањето нова генерација чипови. Помалиот ривал AMD во меѓувреме го зголеми својот пазарен удел.

Apple ги замени процесорите од Intel во своите персонални компјутери со чипови од сопствен развој. Тие ја користат истата архитектура како чиповите во iPhone. Покрај тоа, ривалот Qualcomm сака да го потисне Intel од Windows-PC.

>>> Како авто-производителите постигнаа рекордни заработки во чип-кризата

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три модели на Opel со погон 4×4: Grandland Hybrid4, Insignia, Insignia GSi

McLaren Speedtail му вредеше три милиони долари на новиот сопственик