за

Три модели на Opel со погон 4×4: Grandland Hybrid4, Insignia, Insignia GSi

Кога треба да се вози по снег, Opel има соодветна понуда и за тоа. Триото модели од врвот на понудата на германската марка користи напреден погон на сите тркала.

Opel Grandland Hybrid4, 2022

Opel Grandland Hybrid4, Opel Insignia и Opel Insignia GSi се трите модели во коишто марката со молњата нуди погон на сите тркала. Може да се избира меѓу верзија што постигнува погон на сите тркала со помош на електромотор на задната оска или за погон на сите тркала што користи Torque Vectoring заради подобри возни својства.

Сонце, снег и сино небо. Тоа е сé што е потребно да се појде на долга зимска тура – најдобро е кога во таква тура се поаѓа со еден од трите модели со погон на сите тркала на Opel. Триото го сочинуваат Grandland Hybrid4, Insignia со 2,0-литарски дизел со 174 КС и 8-степен автоматик, и спортската варијанта Opel Insignia GSi со дволитарски бензинец со 230 КС и автоматски менувач со 9 степени.

Grandland Hybrid4 во пакет нуди две корисни технологии. Топ-СУВ моделот на Opel располага со хибриден погон, но истиот тој хибриден погон се грижи и за реализација на погонот на сите тркала. Втор електромотор е вграден во задната оска и обезбедува тракција. Grandland доаѓа во освежено моделско годиште, со нос во визор-стилот на Mokka и Crossland.

https://photos.app.goo.gl/VQ9FngTGAS3bJbTK9

Зависно од условите или едноставно од желбите, може да се избира меѓу 4 режими на работа на погонот: Електро, хибрид, погон на сите тркала и спорт. Погонската комбинација ја сочинуваат 1,6-литарски турбо бензинец со 200 КС, електромотор напред со 81 kW (110 КС), автоматски менувач со 8 степени и електромотор назад со 83 kW (113 КС). Системската моќност достигнува 300 КС, додека вртежниот момент може да достигне најмногу 520 њутнметри.

https://photos.app.goo.gl/CVjveGhNraCWtpso7

При возење само со енергијата во батеријата, највисоката брзина изнесува 135 km/h; Кога ќе се впрегне сета сила, тогаш се постигнуваат најмногу 235 km/h

Предноста од двата електромотори се огледува и при спуштање по надолнина, кога двата електромотори дејствуваат како генератори и произведуваат електрична енергија, којашто се складира во батеријата. Истото важи и при секое отпуштање на педалата за гас. Возачот може да го префрли менувачот во степенот B, кога се засилува ефектот на „моторно сопирање“, а со тоа се постигнува и поголем ефект на полнење на батеријата. Со капацитет од 13,2 kWh, таа е доволно голема да испорача енергија за следното искачување.

Opel Insignia GSi користи три технологии за да постигне врвни возни својства и врвна динамика во сите услови на возење: Погон на сите тркала Twinster со Torque Vectoring и со подвозје FlexRide

Посебноста на погонот на сите тркала Twinster во Insignia е во двете ламеласти стојки на задната оска, што заменуваат обичен диференцијал. Тие овозможуваат силата од погонот за миг да се распредели соодветно меѓу двете тркала на задната оска. Погонот 4х4 со Torque Vectoring е достапен и во лимузината Grand Sport и во комбито Sports Tourer. Техниката постигнува поголемиот дел од погонската сила да се распредели точно дозирано на задното тркало од надворешната страна на свијокот. Непријатното и опасно подуправување (носот на возилото лизга надвор од свијокот) се спречува, возилото ја задржува стабилноста и лесно се контролира. Погонот на сите тркала на тој начин обезбедува и повисока безбедност, покрај тоа што овозможува поаѓање на замрзната или каллива подлога.

https://photos.app.goo.gl/8ZnqXVeZ6Z3ATqQEA

За потенцијалот на погонот на сите тркала да се искористи целосно, се грижи подвозјето FlexRide, со нагласок на динамично возење. Ова мехатроничко подвозје ги приспособува амортизерите, управувањето, реакцијата на педалот за гас, како и промената на степените на пренос на автоматскиот менувач (8-степен кај Insignia, 9-степени кај Insignia GSi), зависно од програмата што ја има избрано возачот. На избор стојат три програми – Standard, Tour, Sport – а дополнително кај GSi може да се избере програма Competition. Во тој случај се добива беспрекорна спортска машина во најдобрата традиција на GSi.

>> Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Целата моделска понуда на Opel на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota почнува со онлајн-резервации за новиот Aygo

Intel вложува 20 милијарди $ во две нови фабрики за чипови