Мерцедес го унапреди родстерот АМГ СЛ во Мајбах

Тоа е најделотворната реклама што може да си ја дозволи една автомобилска марка. Премиера на ексклузивен модел, наменет точно за публиката што плаќа најмалку 2.000 долари за влезница на исто толку ексклузивниот настан, Конкур д’Елеганс во Пебл Бич, Калифорнија. За годинава, Мерцедес се „изрекламира“ со Мајбах-изведба од својот родстер АМГ СЛ.

Мерцедес-Мајбах СЛ 680 Серија Монограм е најспортскиот модел во историјата на марката. Намерата на создателите на овој ексклузивен автомобил беше надворешноста и внатрешноста да бидат два сосем различни светови, во поглед на боите и изборот на материјалите. Единственото што ги соединува двата света е грбот на Мајбах.

Двоседот во почетокот ќе се нуди во две дизајнерски изведби. Едната е „Серија Монограм Црвен Амбиент“ и се одликува со нова двобојна комбинација, со обсидијан црна металик во горниот и гранат-црвена металик во долниот дел од каросериајта.

Покрај неа се нуди и „Серија Монограм бел Амбиент“, каде што логично, црвената боја ја заменува опалит бела магно. Двете бои се ексклузивни и потекнуваат од одделението Мануфактур.

Црвената боја со исклучителен сјај и благородната бела боја, според Мајбах отелотворуваат „сензуалност, убавина и леснотија“. Секако дека производителот ќе излезе во пресрет на секое барање на клиентите за посебна боја.

Внатрешноста е изработена со кристално бела кожа, нормално Мануфактур, од мека напа телешка кожа, во комбинација со сребро-хром. Нарачките за клиенти во Европа почнуваат во следната пролет, потоа ќе бидат услужени останатите пазари ширум светот.

Според Даниел Лесков, директор на Мерцедес-Мајбах, родстерот „соединува динамично чувство при возење со сé што сочинува еден Мерцедес-Мајбах: исклучителна рачна изработка, врвни детали во дизајнот и избрани материјали.“

Меѓу најпвечатливите посебности на Мајбах СЛ спаѓа маската на ладилникот што е облагородена со хром и воедно е осветлена. Впечаток остава и името Мајбах испишано филигрански.

Хаубата има различна форма во споредба со АМГ СЛ и ГТ, со трикрака ѕвезда поставена на хаубата и со вообичаената хромирана лајсна по должина. По желба може да се изведе обсидијан црна хауба со шара сочинета од грбот на Мајбах. Тоа чини многу, меѓу другото и поради претежно рачната изработка.

Во тој случај, хаубата прво се лакира со основен слој, што се бруси рачно. Потоа се печати шарата со грбот на Мајбах, со врвна прецизност. На крајот се нанесува проѕирен лак, што пак се бруси рачно и повторно се покрива со проѕирен лак.

 

Внатрешноста на светлата ѕирка со розово златно нијанси. Предниот браник има надолжно поставени отвори за нагласување на ширината. Рамката на ветробранот е облагородена со полиран хром. Тркалата се ковани, со димензија од 21 инчи.

Покривот располага со темелна звучна изолација и изведен е во светло црна боја, со веќе видената шара на Мајбах во антрацит боја. Задните светла го имаат светлосниот потпис на Мајбах, во браникот се наоѓа хромирана лајсна и дифузор долу, со стилизирани издувни цевки, со вообичаената надожна лајсна во нив. Просторот зад седиштата е обложен со панел со два издадени продолжетоци.

Просторот за одлагање зад седиштата исто така е обложен со скапа бела кожа. Посебност внесува и галванизираната задна површина на седиштата, заедно со украсните делови во сребро-хром.

Дигиталните инструменти, заедно со средишниот дисплеј што се мести по агол, располагаат со графички приказ што е својствен за Мајбах. Стилот на ексклузивната марка го следат и воланот, облогите на педалите и лајсните на праговите.

Бројни мери се преземени во каросеријата, за возниот и акустичниот комфор да се донесат на ниво на Мајбах. Издувот е дополнително придушен, моторот е влежиштен меко.

Моторот е познатиот 4,0 Ве-8 Битурбо со 585 КС, во комбинација со 9-степен автоматик со стратегија на работа што е својствена за Мајбах.

Цената не се наведува, но за ориентација, Мерцедес-АМГ СЛ 63 С Е Перформанс почнува од 223.700 евра во Германија. За Мајбах, би требало да се очекува најмалку 250.000 евра.

АМГ ГТ во салонот на Мак Аутостар

Претходна објаваЕУ ги скуси царините за увозот на Тесла од Кина, пониски царини и за БМВ и Фолксваген
Следна објаваТајванска фирма со 5 милијарди евра од ЕУ гради фабрика за чипови за автомобили во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here