На патеката Ред Бул Ринг во четвртокот беше прикажано возилото коешто ќе му припадне на возачот што ќе постигне најдобри времиња на квалификациските трки во Мото ГП.
БМВ М ГмбХ ја продолжува традицијата што трае подолго од 20 години и ќе го награди мотоциклистот со најбрзи времиња на квалификациите во Мото ГП годинава со М5. Автомобилот во рамките на подготовките на мото трката за големата награда на Австрија го прикажаа Ден Росомондо, комерцијален директор во Дорна Спортс, којашто ги поседува правата за Мото ГП и Аксел Митлер, директор за маркетинг за Мото ГП во БМВ М ГмбХ.
Во својата седма генерација, автомобилот со „најмоќната буква“ во светот, М, првпат вози со електрифициран погон, односно е приклучен хибрид. Комбинацијата со Ве-8, електромотор, погон на сите тркала и 8-степен Стептроник дава системски 727 КС и 1.000 њутнметри. Уште подобра претстава даваат 3,5-те секунди што се потребни за старт до темпо сто. БМВ М5 имаше премиера во јули, на Фестивалот на Брзината во Гудвуд, испораките почнуваат во ноември.
Од минатата година, БМВ доделува возило со електрифициран погон како М Награда во Мото ГП. Лани најбрзиот возач во квалификациите освои БМВ Икс Ем Лабел Ред.
По прикажувањето на возилото, двата возачи од Мото ГП, Алекс Еспагаро и Раул Фернандез го испробаа новиот БМВ М5 по австриската патека.
Возилото за време на трката за големата награда на Австрија ќе биде изложено во возачкиот камп. Во Шпилберг ќе може да се види и комбито БМВ М5 Туринг, што својата премиера штотуку ја имаше во калифорнискиот Пебл Бич.
За М Наградата нас БМВ М ГмбХ, возачите освојуваат бодови на секоја квалификациска трка, исто како што се доделуваат бодови за пласманот на трката. Возачот со најмногу бодови, ќе ја круниса сезоната со БМВ М5. Марк Маркез е апсолутен шампион, со седум последувателни победи од 2013 до 2019 година. Потоа две години победуваше Франческо Бањаја.
Најдобри изгледи да го освои БМВ М5 има Хорхе Мартин, со 184 бодови, дваесет повеќе од Франческо Бањаја, трет е Маверик Вињале со 125 бодови.
















