Киа почнува со нарачки за електричната ЕВ3, поголема од Сид

За моделот што ја заокружува понудата на електрични модели на Киа од долу досега е познато сé, освен најважното. Цената. Во средата, Киа ги објави цените за новата ЕВ3 на германскиот пазар, еден од главните пазари за моделот.

Изведбата со стандардна батерија во Германија чини 35.990 евра, без каква било субвенција откако владата на Шолц во средината на декември ја укина широкоградата помош на Берлин. За изведбата со поголема батерија и соодветно подолг досег, треба да се смета на 41.390 евра.

Изгледот на ЕВ3 се раководи според знаменосецот ЕВ9, што е забележан и ценет на сцената, вклучувајќи и наслови на Светски автомобил на 2024 година, Светски електричен автомобил, Златен Волан и др.

На впечатливиот изглед се надоврзуваат најсовремени технологии и внатрешност што е изведена сосем различно од шемата. ЕВ3 припаѓа во сегментот на компактни СУВ, односно го зазема местото на кросоверот Соул. Багажникот нуди зафатнина од 460 литри, плус 25 литри под хаубата. Како придобивка на електричниот погон, просторноста во кабината повеќе е споредлива со Спортаж, отколку со Стоник.

Од новите технологии, Киа ЕВ3 располага со дигитален клуч и со можност енергијата во батеријата да се користи за надворешни потрошувачи што работат под напон од 220 волти.

Погонот е напред, моќноста изнесува 150 киловати, односно 240 КС. Може да се избира меѓу узведба со батерија од 58,3 или 81,4 кВч. Три нивоа на опременост стојат на располагање: Воздух (Ер), Земја(Ерт) и ГТ-линија. Испораките во Германија ќе следат кон завршетокот нба годината.

Производството е во Кванмен, во првата наменска фабрика за електрични автомобили во Кореја. Стандардната 7-годишна гаранција ја опфаќа и батеријата.

ЕВ-Три е најновиот модел во електричната понуда на Киа, којшто ја донесува цената поблиску до најширокиот круг купувачи

Посебности за првите купувачи

За купувачите што ќе нарачаат Киа ЕВ3 до 31-ви септември, следат бројни поволности. Тоа вклучува 2-годишна премиум гаранција за мобилност, со заменско возило и платено преноќување, како и пониска тарифа при полнење на батеријата.

ЕВ3 ја користи истата платформа како ЕВ9 и ЕВ6, односно тоа е е-ГМП, глобална модуларна платформа за електрични возила. За батеријата, Киа вели дека таа е од 4-та генерација. Со стандардната батерија, електричниот СУВ минува до 436 километри, наспроти 605 километри со поголемата изведба. При користење полнач со 128 кВ, батеријата се полни до 80% за половина час.

Навигацијата сама пресметува каде ќе биде потребно да се дополнува батеријата, при подолго патување, а во студените денови претходно ја загрева кабината.

Вртежниот момент од 283 њутнметри се грижи за вообичаениот силен старт на електричните модели. Киа ЕВ3 спринтува до темпо сто за 7,5 секунди, брзината е ограничена на 170 км/ч. Возната динамика треба да се движи на високо ниво, меѓу другото и поради променливата распределба на вртежниот момент меѓу погонските тркала при побрзо совладување свијоци. Малиот круг на вртење од 10,4 метри, исто така е придобивка од е-погонот.

Електричниот СУВ е долг 4,30 метри, широк 1,85 метар, меѓуоскиното растојание изнесува 2,68 метри, исто колку на бестселерот на Киа, Спортаж.

Панорамскиот дисплеј со два екрани од по 31,2 сантиметри (12,3 инчи) е стандард, заедно со екран за ракување со климата од 5,3 инчи. Во стандадната опременост на Ер влегуваат уште навигација, алу-тркала од 17 инчи, диодни светла, пристап без клуч, двозонска автоматгска клима, задна камера, сензори за паркирање, сензор за дожд.

 

Средното ниво Ерт доаѓа дополнително со дигитален клуч, кога телефонот се користи место клуч. Корисна можност е тоа што друг член од семејството или пријател може преку својот дигитален клуч, односно телефон, да пристапи во возилото. Опремата ја дополнува безжичен полнач за телефон и впуштени рачки во вратите.

Врвното ниво ГТ-линија доаѓа само со големата батерија, и покрај дизајнерски посебности и различна средишна конзола, поседува уште тркала од 19 инчи, седишта со квалитетна заменска можа и електрика, аудио систем Харамн Кардон, спортски волан, алу-педали, топлинска пумпа и можност за приклучување надворешен 220-волтен потрошувач.

Видеото од тестот на Киа Соренто

Претходна објаваРоботи што личат на човек во фабриките на БМВ
Следна објаваКарлос Гон вели дека зделката меѓу Нисан, Хонда и Мицубиши е „прикриено преземање“ од Хонда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here