Роботи што личат на човек во фабриките на БМВ

БМВ во соработка со калифорниската компанија за роботика Фигјур пробува примена на хуманоидни роботи во производството.

Групацијата БМВ првпат примени во производството роботи што личат на човек. Тестирањето на најновиот хуманоиден робот Фигјур 02 на калифорниската компанија Фигјур траеше неколку седмици. Роботите се користеа за ламаринени делови да се постават на соодветно место, за истите потоа да се вградат во каросеријата. Тоа може да го постигне само робот со висока чувствителност.

Примената на роботи повеќе е со цел да бидат заменети работниците на местата на коишто тие треба да се постават во неприродна положба, и со тоа да се изложат на големо напрегање и замор.

Групацијата БМВ во моментов го води тестирањето првенствено во насока да се провери колку е сигурно во производството да се користат роботи што личат на човек.

На видеото е јасно прикажано како изгледа примената на Фигјур 2 во фабриката на БМВ во Спартанбург, специјализирана за СУВ-моделите на баварската марка:

Милан Недељковиќ, директор за производство во БМВ АГ, цени дека „развојот во подрачјето на роботиката ветува многу.“ Баварскиот производител ќе ја подржува технологијата до нејзино воведување во индустриско производство.

Второто колено на хуманоидниот робот, Фирјур 2, според калифорниските инженери е најнапредниот робот од овој вид во светот и достапен е како производ. Со движењето на две нозе и со вештите потези, роботот е во состојба да работи во положби што се тешки или неизводливи за човекот. Истото важи и за места на коишто е загрозена безбедноста и места на коишто се повторува еден ист зафат.

Фигура 2 располага со трипати посилна процесорска моќ од претходникот. Тој воедно комуницира преку говор, има камери, микрофони и сензори, издржлива батерија и дланки како човечки. Дланката може да се постави под 16 можни агли и постигнува сила слична со човечката.

Тоа што одушевува посебно е способноста на Фигура 2 да изведува зафати со координирано движење на двете дланки. Исто како човек, само попрецизно.

Видеото од тестот на БМВ 520д

Претходна објаваКинески Донгфенг прв на списокот да гради фабрика за автомобили во Италија
Следна објаваКиа почнува со нарачки за електричната ЕВ3, поголема од Сид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here