Киа во две фабрики го произведува својот електричен СУВ-седумсед

Киа ЕВ9 е првиот електричен модел што се произведува во Џорџија, придружувајќи им се на Телјурајд, Соренто и Спортаж, што веќе извесно време излегуваат од Вест Поинт.

Во четвртокот отпочна уште едно поглавје во историјата на фабриката на Киа во Џорџија, САД. Управата се собра да го прослави почетокот на производството на Киа ЕВ9, целосно електричниот СУВ со седум седишта. Тоа е прв модел на Киа што е конструиран врз платформата за електрични возила Е-ГМП, што се произведува во Вест Поинт. ЕВ9 досега се испорачуваше на пазарот во САД од фабриката во Кванмен, Кореја.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Киа за Северна Америка, Шон Јун, и гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, кој воедно и го одвезе првиот примерок од ЕВ9 од монтажната лента во Вест Поинт.

Гувернерот изјави благодарност што тимот на Киа Џорџија „повторно ја избраа Земјата на Праските, во време кога работиме на тоа да прераснеме во главен град на е-мобилноста на нацијата.“

ЕВ9 им се придружува на наградуваните и барани СУВ-модели што Киа ги произведува во Џорџија: Телјурајд, Соренто и Спортаж. За електричниот седумсед да се вклучи во потфолиото на Вест Поинт, Киа вложи 200 милиони долари и отвори 200 нови работни места.

Претседателот и извршен директор на Киа за САД, Шон Јун ја опишува големата слика: „По освојувањето престижни награди, како Светски автомобил на годината, Електричен автомобил на годината во светот и СУВ на годината на С. Америка, ЕВ9 ќе биде во одлични раце кај членовите на тимот на Киа Џорџија, за кои најдобро говори успехот во производството на наградувани продукти, што се прочуени ширум светот.“

Првото возило на Киа излезе од фабриката во Вест Поинт на 16-ти ноември 2009 година.

Претходна објаваЏип со електричниот Вагонер се впушта во борба против Тесла
Следна објаваПремиера во М Кар: Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here