за

Џип со електричниот Вагонер се впушта во борба против Тесла

Вагонер С е првиот електричен модел на Џип за светскиот пазар. Продажбата во Европа почнува в година, каде што ќе му се придружи на компактниот Авенџер ЕВ, што главно е наменет за Европа.

Џип Вагонер С ќе се произведува во Мексико и ќе се извезува на светските пазари, вклучувајќи ја Европа.

Џип го прикажа својот електричен СУВ како знаменосец на понудата. Вагонер С е првиот целосно електричен модел на Џип што е наменет за светските пазари. Марката на Стелантис порачува дека со електричниот модел ќе се спротивстави на владеењето на Тесла Модел Ипсилон во САД и на другите клучни пазари.

Пред службеното претставување на моделот во Њујорк, Џип објави видео во коешто Вагонер С е во паралелна трка со Тесла и ја победува.

Спринтот до 60 милји на час сто трае 3,4 секунди, што е за една десетинка подобро од Тесла. Вагонер С располага со моќност од 600 КС, наспроти 483 КС на Тесла Модел Илсилон.

Продажбата на Вагонер С во САД почнува наесен, а моделот в година пристига и на европскиот пазар. Големиот ЕВ тука ќе му се придружи на компактниот Авенџер ЕВ, што е наменет главно за европскиот пазар и се произведува во Полска. Џип не ја објави цената за Европа, меѓутоа позната е цената во САД, каде што електричниот Џип ќе стартува од 71.000 долари (околу 65.000 евра).

Техничките податоци за Вагонер С за САД откриваат дека досегот изнесува 480 километри со едно полнење.

Вагонер С е прв модел на марката што е конструиран единствено за погон на струја.

Вагонер С е првиот модел на Џип што е конструиран врз новата платформа СТЛА Ларџ на Стелантис. Батеријата од 100 кВч се полни од 20 до 80 проценти за 23 минути на брз полнач.

Вагонер С е долг 4.887 милиметри, незначително повеќе од Модел Ипсилон со
4.750 милиметри. Тој ќе конкурира во сегментот на премиум СУВ модели. Таму го пречекуваат Мередес Е-Ку-Е, Ауди Ку-6 Е-Трон и БМВ и-Икс. Модел Ипсилон чини помалку и се води како обичен СУВ модел од средна класа.

Џип на пазарот во САД веќе ги има во понуда Вагонер и Гранд Вагонер, коишто користат мотори со внатрешно согорување. Марката во 2020 година го возобнови името што првпат го користеше во 1962 година.

Стелантис ќе го произведува елетричниот Џип Вагонер С во својата фабрика во Толука, Мексико, каде што се произведува и помалиот модел Компас.

Фабричкото видео со сите поединости околу новиот Џип Вагонер С

Вагонер С располага со електричен погон на сите тркала, што користи електрични погонски единици во коишто е вграден електромотор, преносен механизам и контролна електроника. Овие компактни погонски модули се поставени на предната и на задната оска.

Џип напоменува дека способноста на моделот за возење по терен се темели и врз системот за управување со тракцијата Селек Терен. Со овој систем, возачот може да избира меѓу пет начини на работа на погонот: Автоматски, спортски, штедлив, за снег, за песок.

 

Во кокпитот се вградени средишен дисплеј од 12,3 инчи и дисплеј пред совозачот, од 10,25 инчи. Вториот дисплеј може да се користи за гледање филм или за внесување цел за навигацијата, што потоа ги покажува насоките на возење во средишпниот дисплеј.

Воведната серија од моделот стандардно располага со диодно осветлување на кабината со избор од 64 бои. Според Џип, Вагонер С е единствен ЕВ во сегментот што стандардно поседува загревани и проветрувани задни седишта.

Видеото од тестот на Џип Авенџер со 1,2-литарски мотор со 100 КС и мануелен менувач

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фолксваген за светското првенство: Специјална серија Гол

Киа во две фабрики го произведува својот електричен СУВ-седумсед