Фолксваген за светското првенство: Специјална серија Гол

Од средината на јуни, „Ди Маншпафтот“ ќе почне да ги рекламира специјалните модели Гол на Фолксваген.

Дванаесет модели на Фолксваген ја сочинуваат понудата од специјални моделски изведби Гол, во чест на европското првенство. Тоа се високо опремени модели, со ставки што доколку се нарачуваат посебно би чинеле до 3.700 евра повеќе отколку во серијата Гол.

Од 14-ти јуни, Европа повторно ќе трча по фудбалската топка. Клиентките и клиентите на Фолксваген во Германија уште од претходно имаат причина за славење. Домашната марка почнува со нарачки за моделите од специјалната серија Гол. Може да се избира меѓу дванаесет модели, вклучувајќи ги електричарите: ИД.3, ИД.4, ИД.5, Поло, Таиго, Т-Крос, Т-Рок, Т-Рок Кабрио, Голф, Голф Вариант, Туран и Тигуан.

Доколку опремата што стандардно ја поседуваат овие модели би се нарачувала посебно, кај некои од моделите би се добила цена што е до 3.700 евра над Гол-моделите. Почетокот на нарачките на специјалните модели е средината на јуни, што ќе биде проследено со масовна рекламна кампања.

„Се надеваме дека нашите специјални модели носат добар дух и дека ние на европското првенство ќе испишеме слична летна бајка, како во 2006 година, кога исто така пуштивме специјални модели Гол“, вели Ахим Шајбле, директор на Фолксваген во Германија.

Моделите се распознаваат по фолиите на коишто пишува Гол. Тркалата со дизајн Цирих се лакирани црно, со висок сјај. Стандарно се проектира и логото Гол, кога ќе се отворат вратите. Името на серијата стои и на лајсните на праговите и на воланот.

Седиштата се комбинација од платно и вештачка кожа, со спортски изглед и штепови во боја. Во некои

Изборот на мотор и менувач е широк, може да се доплати и за Плус-пакет, на пр. за поголеми тркала, навигација и сл.

Претходна објаваНовите мотори на Тојота, Мазда, Субару, ќе работат на биогориво, е-бензин, водород
Следна објаваЏип со електричниот Вагонер се впушта во борба против Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here