
Пежо е најпродавана марка електрични возила во Франција, а Пежо Е-208 е најпродаван електричен модел во мај и вкупно во првите пет месеци од годината.
Марката со лавот го задржа водечкото место во продажбата на батериски електрични возила во Франција во мај. Постојано добрата побарувачка придонесе Пежо да биде прв и во вкупната продажба во периодот од јануари до мај.
Пежо Е-208 постигна мошне впечатлив раст, со 62,6 проценти повеќе продадени возила во споредба со мај лани. Со тоа, моделот што верно го пренесе изгледот на легендата 205 во денешницата, останува најпродаван модел на пазарот на БЕВ во Франција.
Во првите пет месеци, вкупната продажба на патнички и доставни возила на марката на францускиот пазар порасна за 2 проценти во споредба со истиот период лани.
Уделот на Пежо 208, вклучувајќи ги бензинските и електричните изведби, продолжи да се искачува, и со 0,5 процентен бод во плус, тој сега изнесува 5,4 проценти од пазарот.
„Нашата цел да станеме пазарен лидер во електричните возила во Франција ја достигнавме со добрите резултати од нашите модели Пежо Е-208 и Е-2008. Овие возила постигнаа раст во продажбата од 62,6%, односно 135,8% во споредба со 2023. Овие успеси, освен за привлечноста на нашите производи, зборуваат и во прилог на нашето вложување во насока на преоѓањето на електрични возила“, коментира Зинеб Гу, директорка на Пежо Франција.
Не е изненадување големиот раст од 12,7 проценти во продажбата на СУВ. По пет месеци, уделот на Пежо во продажбата на СУВ-модели изнесува 17,4 проценти, што значи дека приближно на секои пет продадени возила со оваа каросериска изведба, едно е Пежо.
За да го заокружи духот на високата побарувачка, Пежо е најпродавана марка и на пазарот на службени возила во Франција годинава.
Топ 20 најпродавани модели на францускиот автомобилски пазар до мај 2024
| Модел | Јан-мај ’24 | |
| 1 | Peugeot 208 | 44519 |
| 2 | Renault Clio | 38925 |
| 3 | Dacia Sandero | 34955 |
| 4 | Citroen C3 III | 25607 |
| 5 | Peugeot 2008 | 23837 |
| 6 | Renault Captur | 20648 |
| 7 | Peugeot 308 III | 17611 |
| 8 | Toyota Yaris | 14443 |
| 9 | Dacia Duster II | 13679 |
| 10 | Toyota Yaris Cross | 12993 |
| 11 | Renault Austral | 12195 |
| 12 | Renault Twingo | 11257 |
| 13 | Opel Corsa | 11040 |
| 14 | Dacia Jogger | 10830 |
| 15 | Ford Puma | 9907 |
| 16 | Citroen C3 Aircross | 9818 |
| 17 | Renault Arkana | 9184 |
| 18 | Renault Megane E-Tech | 8099 |
| 19 | VW T-Roc | 7768 |
| 20 | Toyota C-HR II | 6242 |















