Toyota произведе 10 милиони автомобили во Кентаки

Во фабриката во Кентаки се произведе десетмилионитото возило на Toyota. Ова е прва фабрика на Toyota надвор од Јапонија којашто ја достигнува волшебната бројка.

Јубилејниот автомобил е од истиот модел како првиот што се прозведе во Џорџтаун во 1988 година – ToyotaCamry. Од основањето пред 26 години, јапонците инвестираа 5,9 милијарди долари во погонот, каде што покрај моделот од средната класа Camryсе произведуваат уште премиум лимузината Avalon– вклучувајќи и хибридни изведби од истите – како и автомобилски мотори. Од 2015 година се придружува LexusES 350, на платформа на ToyotaCamry.За таа цел ќе бидат вработени уште 750 лица, покрај сегашните 7.000. Производствениот капацитет исто така ќе се зголеми за 50 илјади возила, на вкупно 550.000 возила.

Претходна објаваRolls-Royce размислува за дополнителен модел во понудата
Следна објаваSuzuki Swift со нов економичен мотор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here