Германците не му дозволуваат на Илон Маск да ја шири фабриката во Берлин

Фабриката во подрачјето Гринхајде, во близина на Берлин, единствена фабрика е на Тесла во Европа.

Тесла има намера да го удвои производството на батерии на фабриката во близина на Берлин на 100 гигаватчасови, а во план е и продукцијата на електрични автомобили да се зголеми на еден милион возила годишно.

Амбициите на Тесла да ја прошири својата фабрика во Германија наидоа на отпор, откако жителите гласаа против налогот што е даден да се изврши сеча на шума и да се ослободи простор за ширење на фабриката.

Гласањето не е обврзувачко, меѓутоа претставува уште една пречка за производителот на автомобили од САД, за капацитетот на фабриката да го зголеми двојно, на 100 гигаватчасови батерии и на еден милион електрични автомобили на годишно ниво. На тој начин, компанијата на Илон Маск сака да постигне доминација на европскиот пазар на ЕВ.

Фабриката во моментов располага со капацитет за половина милион автомобили годишно, меѓутоа натамошното зголемување на продукцијата подзабави.

Американската компанија во јануари првпат достигна неделна продукција од 6.000 возила, откако лани во март ја зголеми продукцијата на 5.000 возила неделно.

Жителите на Гринхајде, општина во германската сојузна покраина Бранденбург, во близина на Берлин, во вторникот гласаа против сеча на шумата, за Тесла да изгради дополнителна инфраструктура, како железничка станица и магацини. Сега локалните власти треба да решат како понатаму ќе продолжи постапувањето по овој случај.

Претходна објаваФиат повторно е најпродавана марка на концернот Стелантис
Следна објаваЕлектричната Шкода надмина 200.000 произведени примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here