Швеѓанецот што од мај 2019 година е на местото на легендарниот Дитер Цече, како шеф на Мерцедес-Бенц Карс, се соочува со голем предизвик околу електрификацијата на моделите на иконската германска марка. Додека светот може и да не забележи, па и воопшто да не го засега, ако некоја друга марка премине целосно на возила со електричен погон, кај Мерцедес-Бенц е различно. Шефот смирува.
„Се разбира“ дека клиентите „и по 2030 година ќе добијат автомобил со мотор со внатешно согорување од Мерцедес“, најави Ола Келениус, шеф на групацијата Мерцедес-Бенц Карс, со марките Мерцедес-Бенц, Мерцедес-АМГ, Мерцедес-Мајбах, смарт и Мерцедес-Бенц Ванс. Шефот со оваа изјава во интервјуто за онлајн-изданието на германски Цајт, го успокои автомобилскиот свет.
Келениус понатаму наведува дека компанијата „во оваа декада ќе постави темели за целосно електрично портфолио во сите класи на возила“. Автомобилскиот шеф на Штутгарт додава дека „сепак немаме претстава околу тоа кога би бил рокот за последниот автомобил со мотор со внатрешно согорување.“
Понудата од модели на Мерцедес во основата се ориентира според желбите на клиентите и секогаш ќе биде на технолошки најнапредното ниво, објаснува Келениус: „Тоа до длабоко во триесетите години ги опфаќа и моделите со мотори со внатрешно согорување. И приклучните хибриди, чијашто батерија е доволна за секој ден да се вози без штетна емисија и кај коишто во викендите може да се користи моторот за подолги патувања“.
Во поглед на забавувањето во продажбата на електрични автомобили по делумно наглиот прекин со државното субвенционирање, Келениус кажува: „Можеби во целата бранша имаше по малку претеран оптимизам, но сега повеќе владее реализмот.“ Шефот на Мерцедес е подготвен: „Ние можеме на иста лента да произведуваме автомобили со мотор со внатрешно согорување со висока ефикасност, но и приклучни хибриди – и електрични автомобили.“
#Mercedes-Chef Ola Källenius will nicht nur auf #Elektroautos setzen. Beim Verbrennerausstieg sei die Branche vielleicht zu optimistisch gewesen, sagt er im Interview. #Autoindustrie https://t.co/BdkKuOpTuW
— ZEIT ONLINE (@zeitonline) February 7, 2024
Тој цени дека планот на ЕУ, по 2035 година повеќе да не се дозволи регистрирање нови авотмобили со мотор со внатрешно согорување, не е несоборлив. „Планот на ЕУ е во 2026 година да се направи увид и да се провери што може да се постигне, а што не може.“
„Луѓето во секој случај секогаш ќе тежнеат кон индивидуална мобилност“, заклучува Келениус. Уживањето да се вози автомобил, па посебно Мерцедес, никогаш не избледило.
















