Фолксваген ангажира ветеран да развива електрични автомобили за Кина

Една од задачите на Улбрих во Кина ќе биде подобро да се искористат придобивките од заедничките компании на Фолксваген, вклучувајќи ги новите партнери Хоризон Роботикс.

Ветеранот во менаџментот на Фолксваген, Томас Улбрих, ќе биде новиот директор за технички развој во Кина. Тоа е клучна улога, додека германскиот производител бара начини да го надомести заостатокот што го има зад локалните ривали, посебно БИД.

Улбрих ќе раководи со развојот на првата локална платформа на Фолксваген за електрични автомобили што ќе ја користат новите модели на марката за кинескиот пазар, чијшто старт е планиран за 2026 година.

Тој ќе биде одговорен за технолошкиот центар на Фолксваген во Хефеј во источна Кина. Тоа е најголем центар за развој на групацијата Фолксваген надвор од Германија.

Една од неговите задачи ќе биде подобро да се искористат придобивките од заедничките компании САИЦ Фолкваген, ФАВ-Фолксваген и Фолксваген Анхуеј, како и од партнерот за батерии Готион и кинескиот производител на автомобили Експенг.

Улбрих ќе соработува и со останатите партнери на Фолксваген во Кина, меѓу кои се Хоризон Роботикс (автономно возење), АРК за корисничко искуство и Тандерсофт за инфо-забавни системи.

Тој почна да работи во Фолксваген во 1993 година, а од октомври 2022 година раководи со бизнис единицата за Нова Мобилност на марката.

Ова место досега му припаѓаше на Маркус Хафкенмајер, којшто ќе преземе друга функција во групацијата Фолксваген, што не е посочена во соопштението.

Сегашната функција на Улбрих ќе ја преземе актуелниот шеф за технички развој на марката Фолксваген, Кај Груниц. Одделението за Нова Мобилност сега е дел од одделението за технички развој.

Претходна објаваМини Ејсмен ветува многу простор на мала должина
Следна објаваШвајцарски производител на фотоволтаици купи 100 електрични Фолквагени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here