Мерцедес-Бенц Класик, одделението што ги води сите историски моменти на марката со сребрената ѕвезда, со музеите и со збирката од непроценливи автомобили од минатото, ги објави најважните јубилеи што ќе се одбележат во 2024 година.
6-ти до 14-ти февруари 1954 (пред 70 години): Мерцедес-Бенц 190 СЛ (В 121) и 300 СЛ „Галвинг“ (В 198) дебитираа на салонот за мотоспорт во Њујорк.
8-ми до 18-ти март 1934 (пред 90 години): Премиера на Мерцедес-Бенц 500 К (В 29) со осумцилиндарски мотор со механички компресор, на салонот на автомобили во Берлин.
11-ти до 21-ви март 1999 (пред 25 години): Деби на Мерцедес-Бенц ЦЛ-Класа (Ц 215) на салонот во ЖеневаSalon. Тоа е прв сериски автомобил со активна контрола на каросеријата (АБЦ).
Април 1894 (пред 130 години): Бенц го претстави мотор-велоципед („Вело“). Тоа е првиот сериски автомобил во светот. До 1901 се произведени 1.200 примероци.
27-ми април 1924 (пред 100 години): Кристијан Вернер со Мерцедес 2-Литер-Ренваген победува на Тарга Фиорио и Копа Фиорио.
12-ти мај 1984 (пред 40 години): Трка на 20 возила Мерцедес-Бенц 190 Е 2.3-16 (В 201) го означува отворањето на новата тркачка патека за формула 1 на Нирбургринг. Победи Аиртон Сена.
3-ту јуни 1934 (пред 90 години): Почнува ерата на Сребрените стрели со премиерата и победата на тркачкиот автомобил Мерцедес-Бенц В 25 на меѓународната трка на Нирбургринг.
4-ти јули 1954 (пред 70 години): Прв старт на сребрените стрели Мерцедес-Бенц В 196 Р во формула 1, и двојна победа во Реим (Хуан Мануел Фанџо/Карл Клинг) на трката за Големата Награда на Франција.
22-ри јули 1894 (пред 130 години): Натпреварот Париз-Руен е прва автомобилска трка во светот. Главната награда ја освојуваат возиола со мотор по лиценца на Дајмлер.
26-ти ноември 1984 (пред 40 години): Мерцедес-Бенц од моделската серија 124 е претставен пред новинарите на настан во Севиља. Од 1993 година, моделот станува Е-Класа.
10-ти до 18-ти декември 1924 (пред 100 години): Премиера на Мерцедес 15/70/ПС и 24/100/140 ПС како модели од луксузна класа со компресорско натполнење.
















