Шведска не им издава регистерски таблици на сопственици на Тесла

Работничкиот синдикат ИФ Метал е во спор со Тесла, поради тоа што компанијата на Илон Маск одбива да потпише колективен работен договор со механичарите на Тесла во Шведска.

Тесла во понеделникот поднесе тужба против шведската агенција за транспорт, поради штрајкот на работниците што целосно го запре издавањето регистерски таблици за новите возила од американскиот производител на електрични автомобили.

Работниците во ПостНорд, поштенска компанија во државна сопственост, на 20-ти ноември се приклучија во штрајкот и го запреа издавањето регистерски ознаки за Тесла.

Државната агенција за транспорт го одби барањето за Тесла самостојно да го организира преземањето на регистерските ознаки. Покрај тоа, Агенцијата одби и да ги испраќа таблиците преку други канали за достава, што не се дел од ПостНорд.

Тесла ги тужи ПостНорд и агенцијата за транспорт во два посебни судски предмети. Веста денес прв ја објави шведскиот економски дневник Дагенс Индустри.

ИФ Метал, најголем работнички синдикат во индустријата, води спор со Тесла за да се потпише колективен работен договор за механичарите што се грижат за возилата на американската марка во Шведска. Метал ги повика работниците на штрајк на 27-ми октомври, за автомобилите на Тесла да не се сервисираат.

Членовите од останатите синдикати, вклучувајќи ги пристанишните работници, електричарите и хигиеничарите исто така се приклучија во штрајкот, од солидарност.

Од ПостНорд му одговараат на Илон Маск: „Фактот што прашањето околу запрените испораки на регистерски таблици за Тесла се најде пред суд, не менува ништо во ставовите на шведската атенција за транспорт и на ПостНорд.“

Тесла води политика да не се потпишуваат колективни работни договори и наведува дека вработените имаат исто толку добри, ако не и подобри услови, од тие што ги бара шведскиот синдикат. Од таа страна, пак, се вели дека тој договор е суштински за пазарот на работа во Шведска и дека сите компании имаат потпишано колективен работен договор.

Тесла во судската тужба наведува дека одлуката на агенцијата за транспорт да не дозволи преземање на регистерските ознаки претставува „јасен напад врз работата на компанијата во Шведска.“

Американците посочуваат дека одбивањето да се испорачаат регистерски таблии може да им наштети на „голем број потрошувачи што нарачаа нов автомобил од Тесла.“

Во 2022 година, Тесла испорача повеќе од 9.000 од своите електрични возила во Шведска.

Агенцијата за транспорт во понеделникот потврдила за Ројтерс дека Тесла поднела судска тужба, во убедување дека агенцијата не ги исполнила своите обврски да ги испорача регистерските таблици за Тесла.

„Ние во Шведската Агенција за Транспорт не го делиме тоа мислење и поради тоа Тесла реши да настапи со тужба пред суд, што е нивно право,“ кажуваат од Агенцијата.

ПостНорд се неутрални во спорот меѓу синдикатите и Тесла, но пред да можат да коментираат, ќе мора прво да ја погледнат содржината на тужбата.

Секо, синдикатот што ги организира работниците во ПостНорд, изјавиле за Ројтерс дека наједноставно решение за Тесла е да потпише колективен работен договор со ИФ Метал.

„Ова го цениме како знак дека тие не ја разбрале нашата порака со симпатии“, наведуваат од Секо.

Тесла уште нема одговорено на барањата за коментар од Ројтерс.

 

Претходна објаваФолксваген ќе прави евтини електрични автомобили за Кина
Следна објаваШефот на Стелантис цени дека изборите во ЕУ и САД може да ја забават продажбата на електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here