Њу Џерси е уште една држава во САД што ќе забрани нови бензинци по 2035 година

Сојузната држава Њу Џерси им се придружува на најмалку 10 други сојузни држави во САД, што ја усвоија калифорниската регулатива, меѓу кои се Вирџинија, Њујорк, Мериленд и Колорадо.

Уште една сојузна држава во САД го усвои сетот од правила од Калифорнија, со коишто ќе запре продажбата на нови возила и лесни товарни возила со бензински мотори. По 2035 година, Њу Џерси повеќе нема да дозволува да се регистрираат вакви возила.

Со калифорниската напредна регулатива 2 за чисти автомобили, производителите на автомобили мора да осигураат дека 43 проценти од нивното годишно производство на возила отпаѓа на возила со нулта емисија. Тоа се батериски електрични, приклучни хибридни и водородни возила. Регулативата бара возилата со нулта емисија и приклучните хибриди да сочинуваат 68 проценти од понудата од модели во 2030 година, а потоа и 100 проценти до 2035 година.

Регулативата „не ги условува потрошувачите, ниту дилерите на автомобили и на производителите им нуди слободен простор при почитувањето на правилата“, коментираат институциите.

Њу Џерси им се придружи на најмалку 10 други држави што ја усвоија калифорниската регулатива, меѓу кои се Вирџинија, Њујорк, Мериленд и Колорадо. Калифорнија ја усвои регулативата во 2022 година, но уште чека посебно одобрение од Агенцијата за заштита на животната средина, како дел од Актот за чист воздух.

Европската Унија соопшти дека новите автомобили што ќе се продаваат во заедницата од 27 држави, по 2035 година мора да имаат нулта емисија на СО2. Исклучок се возилата што користат вештачки горива, што е неутрални во поглед на емисијата.

Во објавата од коалицијата на трговци со автомобили во Њу Џерси негодувааат за одлуката на државата, и ценат дека регуалтивата претставвуа „екстремен државен мандат, што го ограничува изборот на потрошувачите и се заканува новите автомобили да ги направи недостапни.“

Претходна објаваАвтобуси на Мерцедес возат прво на батерија, потоа на водород
Следна објаваТојота ќе ги изработува првите гига одливки за моделите на Лексус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here