Компанијата Волт Дизни постои сто години и Фиат честита со пет посебно изработени изведби од својот Тополино, глувче на италијански.
Долга историја стои зад најпознатото глувче на светот, Мики Маус и зад малечкиот италијански автомобил, чиешто име на италијански јазик значи токму глувче.
Светската премиера на петте специјални Тополина беше искористена како бина за повеќе прослави и за потсетување на мошне значајни врски. Во исто време се одбележуваше 100-от роденден на компанијата Дизни и на седиштето на Фиат во Лингото, каде што во 1936 година започна да се произведува Тополино.
Торино е воедно и првиот италијански град, што Мики Маус го освои во налет, не само поради тоа што Тополино е италијански збор за глувче.
Италијанското име на Мики Маус прво се прочу во цела Италија, а потоа и во целиот свет, преку Фиат 500, Фиат Тополино. Малку повнимателен поглед кон изразот на ликот и кон големите тркалезни уши на Мики Маус, и потоа кон обликот на маската и тркалезните светла на италијанското мини, укажуваат јасно од каде потекнува народното име на Фиат 500.
Првиот специјален примерок на Тополино е производ од соработката со главниот цртач на Дизни, Џорџо Кавацано.

„Историите на Фиат и Дизни се испреплетени меѓусебно“, објаснува Оливие Франсоа, извршен директор на Фиат и директор за маркетинг на Стелантис во светски рамки. „Ние сме повеќе од пријатели. Безмалку сме како роднини. И во Фиат и во Дизни, се работи на тоа, да се шират едноставност, топлина и пријателство“.
Тополино број 2 прикажува мотиви од кусиот дизниевски филм „Стимбоут Вили“

Даниел Фриго, менаџер на компанијата Волт Дизни одговорен за Италија и Турција, и директор на Студио Италија, има пофални зборови за тесната поврзаност меѓу двете марки. Тој додава дека е „волшебен момент“, тоа што Фиат и Мики Маус „се поврзаа повторно, во духот на креативноста и на пријателството.“
Електричниот четирицикл во некои земји смее да се управува веќе од 15 години
Петте единствени примероци од малечкото возило, што службено се води како тежок четирицикл од категоријата Л7е, изработени се како производ од соработката меѓу дизајнерските тимови на Фиат и на Дизни. Секое од петте возила се изработени со различен нагласок на одредена тема.
Иницијалите на Мики Маус го красат Тополино број 3

Според Фиат, уникатите треба да претставуваат патување низ времето и уметноста. Времето почнува од раѓањето на Мики Маус и на Фиат Тополино, до денес. Посебно место ужива еден примерок што е создаден во соработка со Џорџо Кавацано, еден од најпознатите цртачи од универзумот на Дизни.
Уметничкото Тополино број 2 е посветено на историјата. „Неговиот дизајн црпи мотиви од легендарниот краткометражен филм „Стимбоут Вили“ на Дизни, кажува дизајнерот на шареното автомобилче. Цртаниот филм првпат беше прикажан во 1928 година, со Мики Маус на кормилото на пароброд. Тоа е првиот звучен филм на Дизни.
Лакирањето на четвртиот уметнички мини-автомобил е апстрактно

Иницијалите на Мики Маус го красат Тополино број 3. Неговиот дизајн треба да шири чувство на позитивна енергија и претставува зимбол за заедничкото гледиште на Фиат и на Дизни за иднинаа, кажуваат Италијанците.
Шират позитивна енергија
Четвртиот мини арт-кар се одликува со апстрактност и претставува омаж на креативноста на Дизни, како и на начинот на којшто класичните стилски елементи се пренесуваат преку апстрактни графички елементи и симболи.
Петтиот примерок со поигрува со елементите на уличната уметност. Графитите треба да укажат на радосната и урбана природа на цртаниот лик на Мики Маус.

Прашањето е што ќе се случи со петте уникати со пет различни стилски насоки, по нивното премиерно прикажување? Специјалните Тополина сигурно нема да доживеат да бидат сместени во стерилен автомобилски или уметнички музеј. Тие ќе ѝ се покажуваат на јавноста на местото на коешто се создадени, на северната рампа на фабричкото здание Лингото.
„Посетителите на трговскиот центар додека одат пеш по рампата ќе можат да им се одушевуваат на петте уникатни Тополина, откако ќе се качат на Ла Писта 500“, планира италијанскиот производител на автомобили.
















