Германија дозволи возење со погон на масло од фритеза

Рестораните и сендвичарниците во Германија ќе бидат новите „нафтени извори“. Во дизел возилата, во иднина ќе може да се точи гориво што целосно се состои од искористено масло од фритеза.

Растително масло и досега смееше да се додава во обичниот дизел. Новина е тоа што горивото сега може целосно да се состои од масло од растително потекло.

Германија се надева дека со дозволата за чисто растително масло да се користи како погонско гориво, ќе се придонесе за патниот сообраќај да биде повеќе одржлив и почист за животната средина. Сепак постои еден проблем.

Возачите на автомобили во Германија во иднина ќе можат да точат и дизел што 100-процентно се состои од искористено прехрабнено масло, како што е масло од фритеза.

Таканаречените парафински дизел горива отсега се дозволени за користење и во чиста форма, без ограничување на уделот во којшто смеат да се додадат во обичниот дизел. Тоа го соопштија од сојузното министерство за животна средина, по донесената одлука на кабинетот. Овие горива ќе се добиваат, на пример, од остатоци и од растителни масла, односно ќе може да се добиваат од и земјен гас, метан.

Овие горива и досега можеше да се додаваат во обичниот дизел. Со сменетата одредба, тие сега може да се точат во 100-процентна форма. „За да се избегне оштетување на возилата поради погрешно гориво, новата одредба ги обврзува станиците за гориво, за јасно да ги запознаат потрошувачките и потрошувачите,“ порачуваат од Министерството. Престанува и досегашното субвенционирање на парафинските дизел горива од фосилно потекло, со цел да се намали влијанието врз животната средина.

„Патот е отворен за поголема заштита на климата во сообраќајот“

Здружението на германските производители на биогорива (ВДБ) ја поздрави новината. „Со оваа одлука, сојузната влада го отвора патот за поголема заштита на климата во сообраќајот“, порачува Елмар Бауман, директор на ВДБ. Биодизелот испушта 70 до 90 проценти помалку ЦО2 од фосилниот дизел.

Претседателот за техника на авто-клубот АДАК, Карстен Шулце, соопшти: „Усовршувањето на моторните горива во насока на нивно помало влијание врз животната средина, со постоечкиот возен парк, претставува важен чекор за да се достигнат целите за заштита на климата.“ Шулце вели дека следниот чекор е производителите да развијат нови возила во коишто ќе може да се користи дизел од прехранбено масло и да проверат дали тој ќе може да се користи во постарите возила.

Речиси главна тема денес во германските медиуми

Директорот Бауман, од ВДБ, потсетува: „Во 2030 и во годините потоа, на германските патишта уште ќе возат повеќе од 30 милиони автомобили со мотор со внатрешно согорување.“ Емисијата на штетни гасови од овие возила може да се намали единствено преку моторни горива што имаат ниска емисија на ЦО2, вели тој.

Џудит Скуделни, политичарка на ФДП, исто така има позитивен став кон новата одредба: „Тоа е многу јасно: Сакаме да ги имаме овие 100-процентно одржливи моторни горива“, изјави политичарката за германската новинска агенција ДПА. „Тие имаат голем потенцијал, за сообраќајот и со постоечкиот воен парк да го направат да биде неутрален во поглед на климата.“

Голем проблем е како ќе се посгигне возачите да можат насекаде да наполнат моторно гориво од масло од фритеза. Министерството укажува дека количините се мошне ограничени. Прегорените прехранбени масла, на пример од гастрономијата, и денес се искористуваат во целост, како додаток во моторните горива. Таа количина не може да се зголеми.

Скуделни упатува на светскиот пазар. „Секако дека е убаво ако можеме за тоа да ги користиме нашите сопствени масла, но постојат и големи рафинерии по светот.“

Претходна објаваУметници цртаат Пежо по згради во Милано
Следна објаваФиат изработи пет посебни Тополина за големиот роденден на Дизни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here