Уметници цртаат Пежо по згради во Милано

Развеселувачки насликан калкан во Навиљи, потпишан од уличниот уметник Ерикс Уан, дел е од кампањата за новиот Пежо Е-2008 во Италија.

Продажниот старт за новиот Пежо Е-2008, компактен, подвижен и темпераментен градски СУВ, за францускиот производител е повод за отпочнување на иницијативата за разубавување на градовите со ѕидни слики.

Како прв чекор од кампањата, уличниот уметник Ерикс Уан наслика ѕид на зграда во Милано. Проектот е осмислен од О.П.Ен. (Омником фор Пежо енџин) и Старком.

Пежо со својот Е-2008 цели кон возачките и возачите што по својот животен пат избираат стил и индивидуалност, во спој со уживање. Притоа секогаш се земаат предвид животната средина и иднината.

О.П.Ен на ваквиот имиџ на електричниот СУВ додава ритам и хармонија. На италијанскиот кубист Ерикс Уан му припадна задачата, преку своите апстрактни дела, тој на свеж и лесен начин да го доближи автомобилот до новите генерации.

Во сликата се распознаваат елементи од иконографијата на големиот град (како што се светла и згради), коишто се комбинирани со слика од град на иднината, Ветерницата и природните елементи ги застапуваат хармонијата и одржливоста, коишто потсеќаат на спојот на човекот со природата.

Стилизиран лав потсеќа на марката Пежо и на благородниот дух на луѓето што се решаваат за живот што се темели врз начелата на одржливоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peugeot Italia (@peugeotitalia)

Претходна објаваЕвропа продолжува да вложува во електромобили и покрај забавената побарувачка
Следна објаваГерманија дозволи возење со погон на масло од фритеза

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here