Возачите се заинтересирани за користени авто делови

Користените делови се преработуваат и се доведуваат до квалитет на нов дел.

Цените на автомобилските делови значително се зголемија во изминатите години. Тоа го чувствуваат приватните корисници. Во истражуавње во Германија, главнината од испитаниците немаат против, да купат и целосно репарирани резервни делови. Само еден од седум возачи (14 проценти) не го прифаќа тоа.

Главнината од можните купувачи гледаат најмногу на две нешта при изборот на деловите: Тие внимаваат на квалитетот на деловите (56 проценти) и на соодветна гаранција (48 проценти).

Тоа го покажа онлајн-истражувањето, што гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе, го спроведе во соработка со агенцијата Сивеј. Во текот на една седмица беа прашани прекли 2.500 возачи на автомобили што поседуваат сопствено возило.

За секој трет возач е најважна цената

Друго важно мерило се трошоците. Повеќе од една третина од испитаниците (37 проценти) посочуваат дека важна улога има цената да биде достапна.

Останатите причини за купување, за повеќето се споредни. Секој седми возач (14 проценти) прифаќа кога деловите се преработени од страна на познат добавувач, а секој осми (12 проценти) би купил од производителот на возилото. Времетраењето на испораката на деловите игра улога само за осум проценти од испитаниците.

„Целосно преработените делови наидуваат на сé поголема заинтересираност, посебно во време на инфлација“, кажуваат од Сивеј. „Од нашите податоци гледаме дека кружното стопанство во целина се наоѓа во подем, поради одржливоста.“

Обемот на кружното стопанство се удвојува

Таканаречениот реманифактуринг, што значи преработка на користени делови и нивно доведување до квалитет на нов дел, претставува пример за кружното стопанство. Во оваа циркуларна економија, спаѓаат деловни модели со коишто материјалите и производите, колку е можно подолго се споделуваат, изнајмуваат, повторно се користат, поправаат, преработуваат и рециклираат.

Консултантската компанија МХП, заедно со Институтот за иновација и одржливост Бордерстеп, спроведе студија. Според неа, деловната гранка ќе се удвои до 2030 година и ќе вреди 856 милијарди евра. Пред десет години, вредноста ѝ изнесуваше 392 евра.

Претходна објаваВинфаст ќе им плаќа на сопствениците ако автомобилот им се расипе
Следна објаваВодородна Тојота ХајЕјс го почна патешествието низ Австралија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here