за

Винфаст ќе им плаќа на сопствениците ако автомобилот им се расипе

Обично клиентот е тој што плаќа кога мора да го однесе автомобилот на поправка. Виетнамскиот производител Винфаст ги заменува улогите.

Виетнамскиот производител на автомобили Винфаст ги менува нештата од корен. За секој ден што автомобилот ќе го помине на поправка во сервис, сопственикот ќе добие по 100 долари. Тоа е планот за Виетнамците да се пробијат на пазарот во САД.

Постапката обично е следнава: Сопстеникот го носи својот неисправен автомобил во сервисната работилница и плаќа за деловите и за услугата. Новиот виетнамски производител Винфаст сака да ги смени нештата. Виетнамците го нудат следното како дел од договорот за гаранција. За секој ден што автомобилот ќе го помине во сервис, нормално исклучувајќи дефект што е предизвикан од самиот возач, на сопсвеникот ќе му бидат исплатени по 300 долари – од ден.

Тоа што го најавуват Виетнамците не се нуди првпат во автомобилскиот свет, но тоа ќе стане реалност на Винфаст на пазарот во САД, во неодредена временска рамка.

Што точно нуди Винфаст? За малите поправки за коишто треба да се посети работилница надвор од редовното сервисирање, производителот ќе исплатува отштета во висина од 100 долари. За поголемите дефекти, што го онеспособуваат автомбилот за возење, во случај на поправка следат 300 долари отштета.

Доколку возилото мора да се задржи во сервисната работилница, Винфаст по четвртиот ден, дополнително ќе им плаќа на сопствениците по 100 долари од работен ден. Во разговор со индустрискиот гласник Аутомотив Њуз, виетнамскиот производител посочил дека не постои горна граница за оваа компензација. За секој ден, ќе се плаќа. Производителот секако дека ќе се заложи колку е можно повеќе, за проблемите да се надминат во рок од три дена.

Се бараат 125 дилери за Винфаст во САД

Винфаст сака со ова сервисно ветување да освои нов круг купувачи на пазарот во САД. Тоа досега не им успеа. Во првите три квартали, во САД се регистрирани само 237 автомобили од марката Винфаст.

Во продажбата се вклучени докажани трговци на пазарот во САД, коишто треба на пазарот да го пробијат електричниот СУВ-модел ВФ8, а потоа и седумседот ВФ9. Од компанијата тврдат дека досега се имаат пријавено 70 дилери, за продажба на овие модели во САД.

Намерата е мрежата до завршетокот на 2024 година да опфаќа 125 дилери во земјата. Само во Калифорнија досега има 13 трговци.

Во план е Винфаст да се продава и на дел од најголемите пазари за електрични автомобили во Европа, меѓутоа стартот се одложува подолго од две години.

Неизвесно е дали сервисната понуда од САД ќе важи и во Европа. Според првичната замисла за германскиот пазар, мобилни сервисни тимови на Винфаст, опремени од специјалистите за алати Вирт, требаше со електрични Мерцедеси да доаѓаат до клиентот и на самото место да ја извршат поправката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стелантис преговара со италијанската влада за повеќе автомобили да се произведуваат во земјата

Возачите се заинтересирани за користени авто делови