за

Водородна Тојота ХајЕјс го почна патешествието низ Австралија

Мотоспортот го направи своето, следен чекор на Тојота е со погон на водород да ја извози Австралија долж и попреку.

Дури и надвор од најтесните кругови во управата на Тојота е јасно, дека јапонскиот примус е на пат, моторите што користат водород место бензин или дизел да станат редовен дел од понудата. Ова патешествие со ХајЕјс низ Австралија може да биде мошне делотворно уверување во новата погонска технологија.

На 11-ти октомври, на патеката Фуџи Интернационал Спидвеј во Ојама, Шузуока, беше одржана завршната трка од првенството во Супер Таикју за 2023 година.

Говорејќи пред репортерите на настанот, заменик извршниот претседател Хироки Накаџима соопшти дека Тојота започнала пробно возење со ХајЕјс што користи вородод како погонско гориво, на јавните патишта во Австралија.

Освен на квалитетно асфалтираните градски улици, водородната ХајЕјс се тестира и во услови на теренско возење. Секако дека тоа е важен дел од програмата за тестирање, имајќи предвид дека главнината од патиштата на петтиот континент се земјени и тешко проодни за обичен автомобил.

Податоците што ќе се соберат при тестирањето ќе бидат корисни за идната комерцијализација на возила со погон на водород на Тојота.

Тојота трета година во низа се трка со Корола со погон на водород во Супер Тајкју. Визија на највредната автомобилска марка во светот (свежо е објавен извештајот на Бест Глобал Брендс 2023) е на овој начин да се продолжи ерата на моторите со внатрешно согорување, затоа што користењето водород место фосилни горива е неутрално во поглед на емисијата на ЦО2. Тоа многу им се допаѓа на традиционалистите.

Оваа технологија, за чиешто созревање придонесе и Моризо лично, сегашен претседател, а претходно извршен директор, Акио Тојода, седејќи зад воланот на Тојота со водороден погон во разни тркачки серии, сега почнува да се тестира и по јавните патишта.

Тоа е последниот чекор по којшто Тојота веќе ќе може да започне со подготовка на производството и на пазарот за продажба на возила со погон на водород.

Во 40-минутната снимка може да се погледа целата приказна што сопствениот гласник, Тојота Тајмс, ја подготви за австралиското патешествие

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачите се заинтересирани за користени авто делови

Европа продолжува да вложува во електромобили и покрај забавената побарувачка