за

Мерцедес стандардно е највредна премиум автомобилска марка, седма во општа конкуренција

Во најновото оценување на Интербренд, консултантска компанија од САД, Мерцедес-Бенц осма година во низа се наоѓа меѓу десетте марки што се најважни во светот.

Во прогласувањето на „Најдобри светски марки 2023“, Мерцедес-Бенц е на седмото место, единствено по Епл и компанија, Самсунг и Тојота

Марката со сребрената ѕвезда се искачи на седмото место и останува највредна луксузна автомобилска марка во светски рамки.

Во споредба со минатата година, вредноста на марката Мерцедес-Бенц пораснала за уште девет проценти и се цени на 61,414 милијарди долари.

Мерцедес-Бенц во најновото оценување на Интербренд, за „Најдобри светски марки во 2023 година“ повторно ја подобри својата позиција. По пет години во низа на осмото место, сега на автомобилската марка од Штутгарт ѝ припаѓа седмото место меѓу најзначајните марки во светот.

Новото напредување на вредноста на марката за девет проценти „ја потврдува трансформацијата на компанијата во насока на иконска марка, којашто одушевува со несекојдневна естетика, иновативни технологии и инегрирана одржливост“, се наведува во денешното соопштение од Унтертиркхајм.

Секако дека за тоа има заслуга и работењето на директорката за комуникација и маркетинг, Бетина Фецер: „Повторното качување на вредноста на нашата марка претставува првокласно достигнување на целиот тим на Мерцедес-Бенц, што прави сите ние да бидеме горди. Резултатот за нас е потврда и потик во исто време: Продолжуваме да се развиваме врз наследството на нашата марка, за да ја обликуваме иднината – со цел да ги произведуваме најценетите автомобили во светот.“

Марката во 2021 година ја постави новата насока во којашто ќе се развива, а со тоа се зајакна и јадрото на марката. Мерцедес-Бенц оттогаш застапува „Желба за иконски луксуз“. Според стратезите на марката, со тоа се спојуваат силните корени на Мерцедес-Бенц како производител на луксузни автомобили, со пионерскиот дух со којшто марката преку своите иновации, прва го повлекува развојот на автомобилите кон следното скалило.

Намерата на управата е преку најценетите возила и услуги во светот, да ја оформува дигиталната ера.

„Најдобри светски марки“ или „Бест глобал брендс“, од 1999 година е најверодостојното мерило за највредните марки во светот

Консултантската компанија Интербренд, од САД, од 1999 година ги истражува и анализира највредните марки во светот. Топ 100 се основата на студијата „Бест Глобал Брендс“ што се објавува секоја година.

Во предвид се земаат три мерила:

  • Финансиски перформанси на производите или услугите нам арката
  • Улога на марката во процесот на донесување избор за купување
  • Моќта на марката во поглед на осигурувањето на идните приходи на компанијата

Највредна марка во 2023 година е Епл, со вредност од 502 милијарди долари (+4%), следат Мајкрософт (316 млрд., +14%), Амазон (276 млрд., +1%), Гугл (260 млрд., +3%), Самсунг (91 млрд., +4).

Тојота е прва автомобилска марка, со вредност од 64 милијарди долари и напредок од 8 проценти, веднаш следи Мерцедес-Бенц на седмото место.

Трета автомобилска марка е БМВ (10-то место, 51 млрд., +10%), Тесла исто така е високо на 12-то место (49 млрд., +4%).

Следните автомобилски марки во Топ 100

27 Хонда
32 Хјундаи
45 Ауди
47 Порше
50 Фолксваген
51 Форд
63 Нисан
70 Ферари
88 Киа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо почнува со нарачки за новата електрична и хибридна 3008

Стелантис преговара со италијанската влада за повеќе автомобили да се произведуваат во земјата