Продажбата на батериските електрични и приклучните хибридни модели на БИД постигна уште еден рекорден месец. Кинескиот производител е блиску за првпат да ја престигне Тесла во продажбата на батериски електрични автомобили за едно тромесечје.
Кинескиот производител во октомври продаде 301.095 целосно електрични и приклучни хибридни автомобили, што претставува раст од 38 проценти во споредба со лани.
Продажбата е за 4,9 проценти подобра во споредба со септември, и покрај забавувањето на трендот на раст во продажбата во Кина, најголемиот пазар за електрични автомобили во светот.
БИД продава еден од секои три нови електрични и хибридни модели во Кина.
Компанијата го престигна концернот Фолксваген во првиот квартал годинава и за првпат ја презеде титулата на најпродавана автомобилска марка во земјата.
Гледано само за батериските електрични автомобили, БИД во октомври продаде 165.505 такви возила.
Доколку три месеци во низа продава во просек по 158.642 возила месечно, БИД ќе се најде во позиција да ја достигне или да ја надмине продажбата што Тесла мора да ја постигне во последниот квартал, за да дојде до планираната продажба од 1,8 милион возила годинава.
Charlie Munger says Elon Musk is outclassed by the head of China’s BYD, which is poised to overtake Tesla in global sales of fully electric vehicles.#China #BYD $TSLAhttps://t.co/r63rfMPBng
— CN Wire (@Sino_Market) November 3, 2023
БИД планира годинава да продаде 3 милиони приклучни хибриди и батериски електрични автомобили. Со октомвриските резултати, компанијата досега продаде вкупно 2,37 милиони возила и на пат е да ја достигне целта за 2023 година.
Компанијата испорача рекордна нето добивка од 1,4 милијарда долари за третиот квартал, што ги надмина предвидувањата на аналчитичарите.
БИД ја постигна највисоката маржа во псоледните три години, иако аналитичарите се сомневаа дека компанијата ќе успее да до задржи континуитетот.
















