Електричниот Дефендер ќе се произведува во Словачка

Јагуар Ланд Ровер (ЈЛР) потврди дека изведбата од својот Дефендер со погон на струја ќе ја произведува во новата фабрика во Словачка.

Британскиот производител на автомобили со долга традиција не посочи временска рамка во којашто планира да стартува со продажба на електричниот Дефендер.

Во новата фабрика во Нитра, Словачка, веќе се одвива редовното производство на изведбите на Дефендер со стандарни бензински и дизел мотори, со благ хибриден погон и со приклучен хибриден погон.

ЈЛР, според новите именувања позната и како „куќа на брендови“ (Дефендер, Дискавери, Рејнџ Ровер и Јагуар сега се марки, место модели), уште во почетокот на годинава најави дека ќе вложи 15 милијарди фунти за развој на електрични модели во следните пет години.

Во плановите е опфатен и целосно електирчен модел на Јагуар, што стартува со продажба во 2025 година.

Откако започна со работа во октомври 2018, во словачката фабрика во Нитра досега се произведени повеќе од 365.000 примероци од Дефендер и Дискавери.

Во своите британски фабрики во Солихал и Хејлвуд, ЈЛР до 2030 година ќе стартува со производство на шест модели со електричен погон од марките Рејнџ Ровер и Јагуар.

Со додавањето на изведбата Дефендер 130, во Нитра се работи во три смени, со продукција од 3.000 возила неделно.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваВо Словенија за еден месец се продаваат автомобили колку во Македонија за девет месеци
Следна објаваФолксваген годинава ќе го продаде последниот автомобил со мотор во Норвешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here