Порше преку високата маржа надоместува за падот во продажбата во Кина

Порше се држи до предвидената добивка за тековната година, откако солидната продажба на моделите што носат голема маржа, како што е спортскиот модел 911, помогна да се надомести за падот во продажбата во Кина.

Извршниот директор Оливер Блуме во средата посочи дека е голема побарувачката за моделите на германската спортска марка. Шефот на Порше и во исто време шеф на целиот концерн Фолксваген, исто така наведе и дека купувачите сé повеќе се решаваат да доплатат за ексклузивни ставки од опремата во своите возила.

Производителот на спортски автомобили се подготвува да пушти во продажба неколку нови електрични модели, за што ќе му биде неопходно да располага со сигурна мрежа од добавувачи.

Порше планира в година да лансира целосно електрична изведба од својот СУВ-модел од средната класа Макан. Потоа ќе следат и верзии со батериски електричен погон од родстерот 718, како и од Кајен и од сосем новиот луксузен СУВ-модел што ќе го заокружи врвот на понудата од модели од Цуфенхаузен.

На франкфуртската берза, акциите на Порше пораснаа за 1,5 процент. Вредноста на акциите се намали откако марката имаше сензационален старт во септември лани. Причина за тоа е економската неизвесност и инфлацијата, што се закануваат за продажбата во Европа и во Кина, каде што испораката на возила се намали за 12 проценти во првите девет месеци од годината.

Оперативната добивка на компанијата се зголеми за 9 проценти и достигна 5,5 милијарди евра, во периодот од јануари до септември, во споредба со истиот период лани. Прометот порасна на 30,1 милијарди евра, со што ги надмина предвидувањата на аналитичарите. Оперативната маржа за деветте месеци е намалена на 18,3 проценти.

Во почетокот на месецов, Цуфенхаузен најави висок ценовен просек и поголема достапност од моделски изведби од својот СУВ-модел Кајен, што главно се продава во верзиите со класичен погон. Единствениот електричен модел на Порше, спортската лимузина Тајкан, во првите девет месеци напредуваше за 11 проценти.

Германскиот производител и натаму очекува дека ќе ја заврши годинава со оперативна маржа од 19 проценти. Менаџерите се раководат според промет од 42 милијарди евра.

Планот е марката во 2030 година да постигнува повеќе од 80 проценти од вкупната продажба со модели со целосно електричен погон.

Матичниот концерн Фолксваген во минатата недела пријави добивка во третиот квартал што е помала од очекувањата, поради големите трошоци и намалената побарувачка за електричните модели.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваТојота, Лексус, Хонда, покажуваат вештина за електричен погон на авто-салонот во Токио
Следна објаваХонда и Џенерал Моторс се откажаа од електричен автомобил со цена под 30.000 долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here