Поради експлозија во фабрика на добавувач мируваат шест фабрики на Toyota

Toyota стави во мирување шест домашни фабрики, поради ексклозијата во фабрика на добавувач за компоненти за возилата на јапонската марка.

Експлозијата се случила во понеделникот во фабриката на Chuo Spring во префектурата Аичи. Таму се изработуваат навојни пружини за повеќето јапонски производители на автомобили.

Еден вработен е пренесен во болница, друг вработен има здобиено полесни повреди, соопшти добавувачот во вторникот.

Од одделението за јавност на Chuo Spring кажаа дека незгодата што довела до експлозија во фабриката на компанијата во Фуџиока, во понеделикот околу 12:15 часот (04:15 европско време), предизвикала оштетување на погоните. Полицијата и противпожарната служба повеле истраги за случајот.

Тоа е најголем прекин во домашното производство на Toyota, откако производителот на автомобили во август мораше да ги запре монтажните ленти во сите свои 14 домашни фабрики, во времетраење од еден ден, поради грешка во софтверот за производството.

Toyota не наведува како прекинот ќе влијае врз продукцијата на возила. Во текот на денот ќе се решава како ќе се постапува понатаму.

Поради инцидентот кај добавувачот на спирални пружини, десет монтажни линии во шест фабрики ќе бидат ставени во мирување.

Toyota Aygo X во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на повеќе модели

Toyota Aygo X 1.0 Joy

Фабриките на Toyota во Јошивара и Инабе беа ставени во мирување во понеделникот навечер, заедно со уште неколку монтажни ленти, додека фабриките во Такаока и Цуцуми беа запрени во вторникот наутро.

Во февруари 2022, Toyota мораше да ги запре сите 14 домашни фабрики, откако еден од добавувачите беше жртва на хакерски напад.

За да се надмине ситуацијата, фабриките мируваа неколку денови, а Toyota поради инцидентот произведе за 5% помалку возила во тој месец.

Претходна објаваKia користи нови материјали во новата генерација концептни модели
Следна објаваКамионите на DHL во Ирска ќе возат на биометан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here