Xiaomi преговара за соработка со автомобилските компании

Производителот на паметни телефони Xiaomi чека Пекинг да му издаде одобрение, за самиот да почне да произведува електрични автомобили.

Xiaomi веќе одржал разговори со докажани производители на автомобили, барајќи можности за остварување соработка во производството, кажуваат луѓе што се упатени во предметот. Производителот на паметни телефони чека Пекинг да издаде одобрение, со коешто компанијата ќе добие право за самата да почне да произведува електрични автомобили.

Кинескиот гигант во производството на паметни телефони, со амбиции да стане производител на сопствена марка електрични автомобили, разговарал со неколку производители на автомобили, меѓу кои Brilliance и Chery, кажуваат луѓе, кои сакаат да останат анонимни поради приватната природа на разговорите.

Xiaomi исто така водел разговори со Beijing Automotive Group за потенцијална соработка околу проиозводството на електрични автмобили, објави Блумберг во август лани.

Намерата на Xiaomi да го прошири своето портфолио доаѓа во време кога Кина планира да го ограничи бројот на лиценци за производство на електрични автомобили, поради созревањето на домашниот пазар на возила со електричен погон.

План на кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi е големосериското производство на електрични автомобили да стартува во 2025 година

По растот со вртоглаво темпо во годините додека државата се расфрлуваше со масивни субвенции, секторот на електрични возила во Кина почнува да покажува знаци на слабеење. Постоечките играчи ги скусуваат цените со цел да ја поттикнат продажбата.

Тоа ги наведува компаниите што сакаат да се вклучат на пазарот, да стапат во партнерства со производителите што веќе имаат добиено лиценца или целосно да ги сменат своите бизнис планови.

Xiaomi не коментира. Претставници од Brilliance и Chery исто така одбиваат да одговорат.

Xiaomi во меѓувреме работи на обезбедување на неопходните одобренија од Министерството за индустрија и информатичка технологија, коешто решава околу производството на електрични возила, кажуваат упатени лица.

Во тек се и преговори со останатите производители, иако е неизвесно дека ќе дојде до партнерство, додаваат изворите.

Соосновачот на Xiaomi, Леи Џун, планира да вложи 10 милијарди долари за компанијата да започне со производство на електрични автомобили и уште се надева дека првиот автомобил ќе се појави веќе в година.

[the_ad id=”73735″]

Блумберг Интелиџенс објави во минатиот месец дека влегувањето на компанијата во производство на електрични автомобили може да го скуси профитот во следните две години, на помалку од 5 проценти добивка од продажбата.

Преку мерки за смалување на трошоците, Xiaomi во второто тромесечје постигна добивка од 3,67 милијарди јуани (503 милиони долари), наспроти предвидените 3,16 милијарди јуани.

Прометот се смали за 4 проценти, на 67,4 милијарди јуани.

Претходна објаваBMW X2 во втора генерација: Точно накосо
Следна објаваШефот на кинески Xpeng на гости во Volkswagen, соработката се развива

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here