Шефот на кинескиот производител на премиум електрични автомобили Xpeng, Хе Шиаопенг, неодамна одржал средба со извршните директори на групацијата Volkswagen во Германија. Тој гледа мошне оптимистички на партнерството со најголемиот производител на автомобили во Европа.
Извршниот директор на кинескиот производител на електрични автомобили Xpeng, кон завршетокот на минатиот месец разговарал со шефот на концернот Volkswagen, Оливер Блуме, и со шефот на концернот за Кина, Ралф Брандштетер, во седиштето на компанијата во Волфсбург. Шиаопенг објави за одржаната средба на својот профил на Веибо.
„Длабоко сум импресиониран од капацитетот на Volkswagen во дизајнирањето и во проектирањето, како и во големосериското производство и имам голема доверба и дополнителни визии за долгорочната вин-вин соработка“, напиша директорот на својот профил на најголемата друштвена мрежа во Кина.
Објавата на Хе Шиаопенг следи кусо откако производителот на автомобили што е во голема загуба, потврди дека шефот за набавки е отпуштен, поради неговата вмешаност во истрагата за корупција.
Xpeng сооошти дека истрагата нема да влијае врз производството и врз тековните деловни активности, како и дека компанијата „останува будна за веднаш да идентификува и да спречи секаква појава на корупција.“
Во јули, Volkswagen објави дека планира да вложи 700 милиони долари во Xpeng, со цел за заеднички да се развиваат електрични автомобили во Кина, конструирани врз нова платформа.
He Xiaopeng revealed that the cooperation between #XPeng and #Volkswagen is progressing very smoothly, and both parties have made good progress in vehicle development, cost reduction, and technical collaboration. pic.twitter.com/VOwETzWyWx
— ThinkerCar (@thinkercar) October 12, 2023
Намерата со спогодбата е да се искористат големината на Volkswagen и технологијата на Xpeng, заради зајакнување на позицијата на Volkswagen на најголемиот пазар на автомобили во светот. Со соработката воедно ќе се скусат трошоците на кинескиот партнер, за тој да може полесно да им се спротивстави на силните удари од конкуренцијата во жестоката борба на пазарот на електрични автомобили.
Инженери на VW редовно одржуваат состаноци со нивните колеги од Xpeng, соработувајќи во развојот на платформата за новите модели, а воедно разработувајќи и понатамошни детали за партнерството, соопшти Шиаопенг.
Со договорот официјално се предвидува соработка во софтверот и во синџирот на набавки. Од објавата на Хе може да се заклучи дека партнерите веќе напредуваат во подрачјето на заедничката набавка.
„Стратешкото партнерство во синџирот на набавки ни овозможува за дополнително да ги скусиме трошоците“, објави Хе, додавајќи дека Xpeng ќе учи „од Volkswagen, како да настапи глобално“.
Xpeng во изминативе неколку месеци изврши неколку смени на високи директорски места. Само двајца од вкупно 12 главни менаџери ги задржаа своите работни места, сооошти Хе во септември.
Од Volkswagen не излегоа со коментар за објавите на Хе.
















