BMW X2 во втора генерација: Точно накосо

Кога корејскиот СУВ-специјалист SsangYong, тогаш уште непознат тука, го воведе својот Actyon во понудата, сите се чудеа. Кога BMW долги години подоцна го понуди својот X6, со истиот концепт на купе-СУВ, сите беа одушевени. Баварците со втората генерација на X2 проверуваат колку им се верни фановите и клиентите.

Откако BMW пред 15 години го произведе првиот X6, на сцената постојано доаѓаат нови СУВ-модели со засечен опаш. Баварската марка сакаше да направи уште еден исчекор и продолжува да иновира со формата на СУВ-купе, во сите класи.

Новакот не се разликува само по тоа што е подолг за 20 сантиметри и со своите 4,56 метри двои од конкуренцијата во компакт класата, туку и со формата е различен од сé што во моментов се нуди во истата. Додека X1 ја следи класичната СУВ-линија на BMW, формата на X2 е многу различна, па дури и чудно нехармонична кога ќе се види првпат.

Секако дека дизајнерите и продукт менаџерите нема да се најдат затечени и изненадени од првичните реакции. Во почетокот имаше бурни реакции и за големите бубрези во маската на Серијата 4, па и тие за изненадувачки кусо време стивнаа, ако не се и целосно запрени.

Подолгото меѓуоскино растојание носи поголема просторност во кабината. Истиот ефект го има и проширената трага на оските, иако тоа донесува и поголема странична динамика. На задната клупа во новиот BMW X2 може да се очекува повеќе простор за патниците, исто како и простор за екстра багаж под задниот поклопец. Зафатнината се движи од 560 до 1.470 литри.

Зад воланот на X2 се довива пристап во сосем нов свет на дигитализацијата, по пример на X1. Од класичниот сестрински модел доаѓаат и заоблениот дисплеј, нов оперативен систем, нов начин на ракување, како и лебдечка средишна конзола. Рачка на бирачот за возење веќе одамна не постои, за тоа служи мал преклопник.

Бидејќи станува збор за модел што става повеќе нагласок на динамиката, во стартната постава за напролет е вклучена и изведбата X2 M35i, со дволитарски турбо со 300 КС, 400 Nm и спринт до темпо сто за 5,4 секунди. Основата на гамата ја сочинуваат X2 20i со 170 КС и X2 18d со 150 КС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BMW (@bmw)

По пример на Серијата 5 и на секоја нова моделска серија на BMW, во истата каросерија и со истото подвозје се нуди и верзија со батерија и електромотор, место со резервоар и мотор.

Електричната верзија ја носи ознаката iX2 30i и во Германија чини 56.500 евра. За парите се добиваат 313 КС и 494 Nm, акумулатор од 65 kWh и досег до 449 километри. Пред следното лето, BMW ќе додаде уште еден електромодел и втор дизел во понудата.

Претходна објаваЕден милион хибридни и електрични Мercedes-Benz по патиштата
Следна објаваXiaomi преговара за соработка со автомобилските компании

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here