Најпродаваниот модел во Европа во класата на малечките возила во минатата година, FordFiesta, воедно се вбројува и меѓу возилата со најмногу тркачки изведби.
Најекстремната верзија на Fiesta ја поседуваат тимот Ford Oldsberg MSE и Hoonigan Racing Division на ѕвездата од видеопорталот Youtube Кен Блок, којашто ќе привлекува внимание во новиот светски шампионат во реликрос. Болидот со погон на сите тркала ја користи како основа FiestaST и вози со дволитарски мотор од преку 600 КС со турбонатполнење. Со оваа машина малечкиот Fordзабрзува до 100 km/hза неверојатно 1,9 секунда.
Шампионатот во реликрос во оваа година за прв пат стартува во мај и предвидува 12 трки. Сезоната стартува во овој викенд (3/4 мај 2014) во португалскиот Монталегре. Во новата тркачка серија стартуваат легенди во мотоспортот, како поранешниот шампион во формула 1 Жак Вилнев и поранешниот шампион во рели Петер Солберг.
















