Еден милион хибридни и електрични Мercedes-Benz по патиштата

Mercedes CLA Concept е најава за новата генерација на купе-лимузината, со нова платформа што ќе ја користат и електрични и бензински модели

Штутгарт ги објави бројките од продажбата за третиот квартал, со најголем
раст кај ексклузивната марка Maybach и кај батериските електрични автомобили. Дури и E-Class постигна раст од 3 проценти во последното тромесечје, уште пред новата генерација на иконската моделска серија на Mercedes-Benz да почне со продажба.

Mercedes-Benz Cars во третиот квартал, во многу неизвесни времиња за автомобилскиот пазар, постигна 510.600 продажби, што претставува пад од 4 проценти. Штутгарт го образложува тоа со претстојната моделска замена за Е-Class, како и со проблемите кај еден од добавувачите на компоненти за производството на бестселерот GLC.

За сé надоместува ексклузивната марка Mercedes-Maybach, чијашто продажба во периодот од јули до септември напредувала за 26 проценти. Продолжува и преоѓањето на електричен погон. Во третиот квартал, секој петти продаден автомобил со знакот на Mercedes-Benz во светот има електрифициран погон, односно е хибрид или целосно електрично возило. Кај вториве, продажбата постигна раст од 66 проценти во последното тромесечје.

До септември, продажбата на батериски електрични автомобили на Mercedes-Benz Cars речиси се удвои (+97%). Во истиот период и продажбата на моделите од врвот на понудата напредуваше за 6 проценти.

Вкупно во првите девет месеци, Штутгарт продаде 1.529.800 возила, што носи раст од два проценти и со тоа се совпаѓа со предвидувањата на менаџерите, дека продажбата годинава ќе го следи ланското ниво.

Од батериските електрични автомобили (BEV) на Mercedes-Benz Cars се продадени 61.600 примероци (+66%) во третиот квартал. Главен двигател се моделите EQA (+108%) и EQB (+96%), коишто уживаат висока популарност и покрај тоа што веќе е најавено нивното ново моделско годиште.

Mercedes-Maybach EQS SUV е модел што го дизајнираше Славче Таневски, во низата луксузни модели, заедно со родстерот AMG SL

Луксузните електро-крстосувачи EQS и EQS SUV со продадени 26.300 примероци (+53%) и натаму го предводат овој пазарен сегмент. На спротивниот крај веќе се јавува електричниот smart со продадени 3.900 примероци (+107%). Вклучувајќи ги приклучните хибриди, Mercedes-Benz од своите електрифицирани модели продаде 98.400 возила или за за 19% повеќе од третиот квартал лани.

Во меѓувреме има и еден мал јубилеј: Повеќе од еден милион автомобили на Mercedes-Benz со батериски електричен и приклучен хибриден погон се движат по патиштата.

Продажба на модели на Mercedes-Benz Cars по сегменти

Top-End
(Mercedes-AMG, Mercedes-Maybach, G-Class, S-Class, GLS, EQS и EQS SUV)

Продажбата во сегментот Top-End во првите девет месеци достигна 246.500 примероци (+6%), односно 69.900 примероци во третиот квартал (-11%). Падот во продажбата кај Mercedes-AMG се должи главно на замената на претходната со новата генерација на GLC. Електричните модели во кварталот напредувале за 51%.

G-Class ужива во своето посебно место на пазарот и постигна раст од 11% во последниот квартал, иако веќе е најавена новата генерација за в година. Mercedes-Maybach постигна најголем напредок со +26% и продадени 6.600 возила. За три проценти напредуваше GLS SUV (13.300 возила), додека од целосно електричниот EQS SUV се продадоа 3.700 возила (+162%).

Mercedes EQG

Mercedes-Benz S-Class продолжува со растот на кинескиот пазар (+9%) и водечки е во својот сегмент со повеќе од 50 проценти пазарен удел. На светско ниво, во третиот квартал се продадоа 16.900 примероци од знаменосецот (-18%).

Core
(Сите изведби на C- и E-Class, заедно со EQC, EQE и EQE SUV)

Во носечкиот сегмент се продадоа 290.200 возила (-1%). Раст има кај C-Class, со 82.000 возила во 3-от квартал (+6%) и вкупно 241.700 возила до септември (+11%). Посебен случај е E-Class, чијашто продажба во кварталот напредуваше за 3 проценти, на 75.200 возила, иако новата генерација на култната моделска серија уште есеноска ќе почне да излегува од салоните. Побарувачката за новиот GLC е над продукцијата, така што излегуваат подолги рокови на испорака. Бестселерот дополнително трпи и поради проблемите кај еден од добавувачите, што ја ограничу продуикцијата, па од GLC во третиот квартал се продадоа за 17 проценти помалку возила, односно 81.500 примероци.

Entry
(Сите изведби на A- и B-Class, заедно со EQA, EQB и smart)

Продажбата во сегментот Entry достигна 150.500 возила (-5%), во време кога A- и B-Class добиваат освежување во средината на својот моделски век. Близу четвртина од продажбата (23%) отпаѓа на BEV-модели. GLA и GLB исто така се соочија со проблеми предизвиклани од добавувачот на компоненти за нивното производство, па и продажбата опадна: GLA достигна 26.800 (-15%), GLB 36.300 (-9%).

 

Претходна објаваToyota за девет месеци со близу 900.000 продажби во Европа
Следна објаваBMW X2 во втора генерација: Точно накосо

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here