Французите со нови субвенции, кинеските електрични автомобили може да извисат

Производителите на автомобили од вторникот ги доставуваат спецификациите за своите електрични автомобили до француските власти, надевајќи се дека ќе продолжат да ги користат субвенциите под новите услови. Со промените се очекува дека голем дел од кинеските модели ќе останат без помош од француската држава.

Во услови на жестока конкуренција на пазарот на електрични автомобили, за секој модел одделно ќе се пресметува неговиот отпечаток врз животната средина. Притоа ќе се земаат предвид емисијата при производството, транспортот, при добивањето на суровините и изворите на енергија што се користат во производствените процеси.

Купувачите ќе можат преку наменска онлајн-платформа да дознаат колкав е индексот за автомобилот што сакаат да го купат. Промените веројатно ќе ги погодат повеќето електрични автомобили што се произведуваат во Кина, без разлика што тие учествуваат со најголем удел во продажбата на електрични автомобили во Франција (пример Dacia Spring).

„Доколку во Азија се произведуваат автомобили што се лесни и се релативно штедливи, можно е тие да ги исполнат новите услови за довивање субвенции. Сметаме дека постојат барем неколку такви модели, но јасно е дека тоа нема да бидат сите“, коментираа француските автомобилски власти во минатиот месец.

Tesla Model Y и Model 3, исто како и Dacia Spring се меѓу електричните модели што се најпродавани во Франција, а се произведуваат во Кина. Истото важи и за MG4, што го произведува кинескиот концерн SAIC.

Владините субвенции за електрични автомобили изнесуваат 5.000 евра, односно две илјади евра повеќе за домаќинства со поскромни примања.

Производителите на автомобили очекуваат одговор до 15-ти декември, со можност да поднесат жалба доколку ценат дека се повредуваат нивните интереси.

Иста е ситуацијата во Италија.

Претходна објаваДизел адио: 40-тонски Mercedes eActros минува 500 километри на струја
Следна објаваŠkoda Kodiaq: Светска премиера во тајна станица на берлинското метро

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here