Светската премиера на втората генерација на Škoda Kodiaq мина беспрекорно, со четири возила што се движеа низ тунелот полн со гости, со светлосни ефекти и блицеви од камерите. Но, како четирите возила воопшто доспеаја во метрото под берлинскиот Потсдамер Плац, во тој дел што е сосем непознат за јавноста?
Чешката марка во почетокот на октомври достојно си ја донесе на свет втората генерација на Kodiaq, во центарот на Берлин, точно под Потстдамер Плац, каде што се вкрстуваат С-банот и У-банот, градската железница и метрото. Свеченоста пред бројни гости се одржа неколку метри под преминот што илјадници берлинци и туристи го користат секојдневно. Во германскиот град постојат неколку такви места во метрото, што се „тајни“ и поверемено се користат за јавни настани.
Просторот е изграден во 1990-те, со намера да биде станица на метрото, но тој никогаш не се користел во таа намена. Тој простор точно им се најде на маркетиншките генијалци на Škoda Kodiaq, согласно мотото „Let’s explore“, да истражуваме.
За светската премиера воошто да се случи, прво мораше шест примероци од петметарскиот Kodiaq да се спуштат до подземниот тунел. Единствениот пристап беше преку влезовите во станицата на метрото, точно по скалите што водат директно од плоштадот. Долж скалите беа поставени шини, по коишто возилата се спуштаа со вител од камион. Ниту задачата за возачите не беше едноставна, затоа што возилата мораше да бидат целосно покриени, вклучуваји го и ветробранот.
Дополнителен предизвик беше и свртувањето на возилата во тесниот простор во тунелот, за сите возила да се сместат како што било смислено за премиерата.

На крајот, возачите мораа низ целосен мрак да возат низ тунелот долг стотина метри, кон заслепувачката светлина напред.
На настанот присуствуваа околу 350 гости. Германија е еден од клучните пазари за големиот СУВ и секако за целата марка.
















