Peugeot на пат да ја заврши годината како најпродавана марка во Португалија

Од секои десет продадени нови автомобили во Португалија годинава, еден е Peugeot. Французите во минатото тромесечје ја зголемија продажбата за 33,9 проценти, што соодветно им донесе и пазарен удел од 12 проценти.

Португалија станува пазар за пример за Peugeot. Марката со лавот го предводи пазарот и кај патничките автомобили, со 17.253 продадени возила, и кај доставните возила, со 3.536 испораки до септември.

Примерот важи и за пазарот на електрични возила, вклучувајќи ги приклучните хибриди. Најмногу електрифицирани возила во Португалија годинава има продадено токму Peugeot, како во конкуренција на големоволуменските марки, така и во делот на доставните возила на струја, каде што француската марка држи 30 проценти удел на пазарот.

Peugeot води со 6.000 возила пред втората најпродавана марка во земјата, и сосем е извесно дека водството ќе се задржи и во после дниот квартал, до освојувањето на титулата на најпродавана марка во Португалија во 2023 година.

Португалските возачки и возачи се решаваат најчесто за Peugeot 2008 – којшто во освеженото моделско годиште штотуку почна со продажба во земјата, а во меѓувреме и македонски Еуроимпекс го најавува моделот. Од урбаниот СУВ се продадени 5.674 примероци од јануари до септември.

Конкуренција од сопствената куќа прави Peugeot 208 со 5.312 продажби, а веднаш потоа следи и компактот 308, како трет најпродаван Peugeot во земјата. Во последното тромесечје се очекува стартот на продажбата на електричните изведби на Peugeot 308 и комбито 308 SW.

Лавот владее во сличен манир и на пазарот на доставни возила, каде што се продадени 3.536 примероци. Пазарниот удел тука порасна на 17,5 проценти, наспроти 16,5 проценти лани. На првото место е неприкосновен Peugeot Partner, со 3.128 продажби.

Успехот се повторува и кај електричните модели на Peugeot

На пазарот од батериски електрични и приклучни хибридни автомобили – коишто во меѓувреме сочинуваат 27% од продажбата во Португалија – Peugeot псотојано ја дополнува својата понуда од модели и една е од најгласните марки кога станува збор за електромобилноста.

Едно од секои четири продадени возила со знакот на Peugeot во септември, било батериско електрично или приклучни хибридно возило. Секако дека тоа ѝ носи на марката прво место во оваа категорија возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peugeot Portugal (@peugeotportugal)

Во првите девет месеци во земјата се испорачани вкупно 4.159 возила со елетритфициран погон, што е удел од 8,9 проценти од електро-пазарот.

Во конкуренција само на батериски електрични возила, Peugeot со своите патнички и доставни модели е втора најпродавана марка, со 2.576 чисто електрични возила. Тоа соодветствува на удел од 9,4 проценти од пазарот.

Со 2.050 возила, Peugeot е лидер на пазарот на патнички автомобили, а со удел од 29,6 проценти и 526 возила е воедно лидер и на пазарот на чисто електрични доставни возила во Португалија.

Претходна објаваLG ќе испорачува батерии за идните електрични модели на Toyota
Следна објава500X: Овој СУВ на Fiat навистина е „џип“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here