На љубителите на цивилните тркачки машини на MGmbH им останува уште малку време да потсоберат пари за најлутата верзија во серијата 2. Баварците потврдија дека M2 доаѓа наскоро.
Серијата 2 на BMW ќе биде крунисана со верзија со потпис на спортското одделение MGmbH, позиционирана над актуелниот топ модел M235i (на фотографијата). Познавачите на марката од Минхен веќе го гледаат M2 како духовен наследник на легендарниот MCoupe од серијата 1. За BMWM2 се планира нов мотор, веројатно шестцилиндарец со турбонатполнење и со моќност меѓу 370 и 380 КС.
Производството на M2 е планирано да почне кон крајот на следната година, за испораките да почнат рано во 2016 година.
















