Силиконски гради навистина штитат како мали воздушни перници, открива една студија

При пониски брзини, силиконските гради можат во значителна мера да ја намалат опасноста од повреда при судир со автомобил. До тоа сознание доведе една студија што ја спроведоа научници од САД. Доколку се вози побрзо, резултатите се сосем различни.

При судир со автомобил, градниот кош честопати се изложува на висок притисок. Тоа може да доведе до пукање на ребрата дури и при многу ниска брзина, при само 20 километри на час. Американски научници од Спокен и Сиетл спроведоа испитување, дали силиконските имплантати кај жените влијаат врз опасноста од повреда. Студијата навистина покажа дека дополнителниот слој има заштитно дејство.

Во студијата сепак не се користеа краш-тест кукли и вистински автомобили. Тие го симулираа судирот со фрлање од голема висина. За експериментот се користеа различни блокови со гел.

Референтниот блок беше изработен исклучиво од гел и симулираше природни гради, додека во останатите блокови за тестирање дополнително беше поставен голем граден имплантат од 800 сантиметри кубни.

Тестот беше изведен така што тежина од 7,46 килограми удираше во блоковите од гел со сила од 1,9 килоњутни. Според научниците, тоа е границата на којашто попуштаат ребрата. Оваа сила дејствува кога човек тежок 70 килограми, без поставен безбедносен ремен, доживува судир при брзина од само 16 (шеснаесет) километри на час. Резултатите од тестот важат само за судир со налетување на пречка, без поставен ремен.

Овие тестирања се од посебен интерес и поради тоа што повеќето воздушни перници се отвораат дури над 20 километри на час и повредените лица во незгоди под оваа брзина, изложени се на силите што дејствуват при судирот, без притоа да имаат заштита од системите за безбедност. Тоа се брзини со коишто, на пример, се вози на паркиралиште и при коишто во одредени услови пак може да дојде до повреда, односно до пукање на ребрата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Augusta Plastic Surgery (@augplastic)

Како заклучок од студијата, научниците наведуваат дека „градните имплантати го намалуваат максималниот притисок, на којшто е изложен градниот кош, за 23 проценти.“ Американските научници понатаму објаснуваат дека пациентките со градни имплантати е можно да бидат заштитени од повреди на градниот кош, како на пример лом на ребро или клучна коска, како и натиснувања на белите дробови, доколку се споредува со општите случаи на сообраќајни незгоди со ниска брзина.“

Врска до студијата

https://journals.lww.com/prsgo/fulltext/2023/07000/breast_implants_decrease_chest_wall_trauma_in.49.aspx

Секако дека постојат и ограничувања, над коишто теоретското заштитно дејство на имплантатите повеќе не постои. Истите може дури и да прераснат во опасност. Италијански научници од Политехничкиот Универзитет Милано, во друга студија со краш-тест кукли со поставен безбедносен ремен и со помали (и повеќе вообичаени) градни имплантати од 300 сантиметри кубни, утврдија дека импланатите при незгоди со повисока брзина можат да се оштетат.

Силиконските гради може да станат и опасност

Тие наведуваат: „Краш-тестовите покажаа дека незгода со брзина од 90 km/h е доволна, за имплантатите да се оштетат.“ Научниците додаваат дека таа брзина се однесува на поновите генерации, додека постарите имплантати попуштаат при пониска брзина.

Во двата случаи станува збор за испитувања, коишто се неприватливи во реални услови.

Претходна објаваPeugeot 408 освои награда за дизајн од читателите на auto motor und sport
Следна објаваMercedes-Benz и Роџер Федерер ја продолжуваат соработката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here