за

Mercedes-Benz и Роџер Федерер ја продолжуваат соработката

Соработката меѓу Mercedes-Benz и тениската ѕвезда Роџер Федерер почна пред 15 години, договорот е продолжен за уште неколку години.

За време на одржувањето на Лејвер Купот во Канада, Mercedes-Benz соопшти дека ја продолжува соработката со Роџер Федерер и по завршувањето на неговата активна кариера.

Mercedes-Benz е партнер на Лејвер Купот од 2017 година и освен тоа што обезбедува возила за превоз на играчите и ВИП, се грижи и за превозот на тимовите Европа и Свет.

Роџер Федерер веќе 15 години соработува со Mercedes-Benz. По завршетокот на активната кариера во минатата година, тенисерот и производителот разработуваа чекор по чекор, за соодветно да го сменат и начинот на соработката.

Од тоа произлезе заедничката иницијатива „Neon Legacy“, којашто се темели на општествената одговорност и се грижи за новите генерации тенисери. Во рамките на иницијативата Neon Legacy, во јуни 2023 година беше темелно реновирано јавното тениско игралиште во Aби Вуд, Лондон, Канада. На свеченоста по повод отворањето на новите терени присустуваше Федерер. Последната посета од тенисерот се случи на 19-ти септември, непосредно пред почнувањето на купот Лејвер, при што Швајцарецот тренираше група дечиња од Ванкувер.

Ванкувер беше домаќин на овогодишниот куп Лејвер, што се одржа во изминатиов викенд. Елитата на светскиот тенис се собира еднаш во годината, за во рамките на купот Лејвер да му оддаде чест на тенискиот спорт, а псоебно на австралискиот тенисер Род Лејвер.

Црно-бела комбинација од Mercedes-Benz GLC Coupe во салонот на Мак Аутостар

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Од првиот куп во 2017 година, спортистите од Европа во овој единствен натпревар, во тимови се соочуваат со најдобрите тенисери од целиот свет. Mercedes-Benz уште од почетокот е партнер и снабдувач со возила.

Електрификацијата е главна тема во возниот парк: Двете тимски возила, целосно електрични Mercedes-EQE 500 4MATIC SUV, лакирани се во тимските бои, во сина и црвена.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Силиконски гради навистина штитат како мали воздушни перници, открива една студија

Министрите на ЕУ одобрија нормата Еуро 7 да не биде толку строга