Fiat 600 не само во електрична изведба, туку и како хибрид

Тоа беше сосем извесно уште од претставувањето на новата генерација на моделот: Fiat 600 освен во целосно електричната изведба, ќе биде достапен и со благ хибриден погон, со мала и достапна, но сосем делотворна батерија што менува многу во секојдневието.

Големиот момент за понапредните европски држави се случи на 4-ти јули, кога на покривот на некогашната фабрика на Fiat во Лингото, Торино, премиерно беше прикажана електричната изведба на Fiat 600, со додавка „e“. Сега следи големиот момент за сите пазари што ја сакаат италијанската марка во класичната погонска конфигурација – иако и таа е малку под напон.

Торино ја најавува хибридната изведба на новиот Fiat 600. Оливие Франсоа, прв човек на Fiat, вели: „Нашата стратешка визија и натаму е целосно електрична и тоа што 500е e најпродаван градски автомобил со батериски електричен погон во Европа ѝ дава сила на нашата одреденост да направиме електричниот погон да биде достапен за сите. Сепак треба да останеме релевантни и за пазарите, како што е Италија, нашиот домашен пазар, каде што целосно електричните автомобили уште немаат земено толку замав.“

На избрани пазари, Fiat 600 ќе се нуди во електричната, но и во хибридната изведба – поточно како благ хибрид.

Втората погонска изведба на Fiat 600 ќе се понуди во две варијанти на опременост: New Fiat 600 Hybrid La Prima, како ексклузивна изведба за одбележување на стартот на моделот, и New Fiat 600 Hybrid, како најдостапна изведба.

Благиот хибрид е посебно делотворен во градско возење, кога малата, но затоа и евтина батерија сместена под совозачкото седиште, се полни со енергијата при сопирање. Таа енергија потоа се насочува кон електромоторот, којшто го потпомага моторот при поаѓање, при одржување на брзината, па и при забрзување.

Има голема придобивка и за комфорното чувство, затоа што електромоторот е поврзан со коленастото вратило преку ремен и затоа секое стартување на моторот се врши меко и тивко. Торино вели дека батеријата испорачува доволно енергија за да го подржи возењето на струја во моментите во коишто брзината е под 30 km/h.

Погонската спрега ја сочинува 1,2-литарски бензинец со три цилиндри што масовно се вградува во сите марки на концернот Stellantis, со моќност од 100 КС, потоа 48-волтна литиум-јон батерија и нов 6-степен менувач со двојна спојка, во чиешто ѕвоно е вграден електромоторот од 21 kW и инверторот. Така се постигнуваат ниска тежина и помали димензии. Потрошувачката се намалува за околу 15 проценти. Спринтот до темпо сто трае 11 секунди.

„Шестотката“ е вистинско освежување во вистинско време во понудата на Fiat, позиционирана под постоечкиот 500X, којшто ја задржува предноста што е достапен и во верзија со погон на сите тркала

Новиот Fiat 600 Hybrid (нов, затоа што оригиналниот 600 e основата од којашто произлезе кај нас општо познатата, па и култна Zastava 750) долг е 4,17 метри, секогаш со пет врати, со багажник од 385 литри.

Најиталијанската од сите италијански марки ја објави и цената за основната моделска изведби на домашниот пазар: При замена на стариот автомобил со нов 600 Hybrid и со користење на субвенциите, место редовните 24.950 евра, автомобилот чини 19.950 евра.

Ненадејна ѕвезда: Fiat Panda Red во салонот на Аутомобиле СК

Претходна објаваНа Toyota RAV4 ниту светилка не ѝ прегоре на супертестот во auto motor und sport
Следна објаваСилвија Нојбауер е новата директорка за продажба на BMW M GmbH

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here